• Latest

Промена на изборниот модел во една изборна единица со или без консензус

November 8, 2019

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025

И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

May 14, 2025

Реакции: Од „Уа“ до „Браво“; „Цела влада треба да го следи светлиот пример на Таравари“…

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Промена на изборниот модел во една изборна единица со или без консензус

November 8, 2019 09:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев опстојува на идејата за промена на изборниот модел од постојните шест во една изборна единица, што беше и едно од изборните  ветувањаа на СДСМ. Иницијативата за промена на изборниот модел, која тој ја поддржа, а која деновиве ја туркаат 15 пратеници од помалите парламентарни партии, на шест месеци од предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, сепак нема поддршка од партнерот во владината коалиција ДУИ, ниту од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев вчера изрази надеж дека ќе биде постигнат консензус за промена на Изборниот модел со една изборна единица, повторувајќи дека со тоа губат големите партии, ќе загуби и СДСМ, но ќе се отстрани можноста за какво било авторитарно однесување во иднина. Одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик“, тој нагласи дека е добро во државата вакви важни прашања, како промена на Изборен модел, да се носат со консензус, пренесува МИА.

„Ние, пак, не можеме поинаку, ние им ветивме на граѓаните уште во кампањата во 2016 година дека сме за една изборна единица. Тоа е дел од нашата изборна програма, а и ние веруваме во тоа“, рече Заев додавајќи дека тоа освен што ќе биде придобивка за помалите партии, ќе биде придобивка и за сите граѓани.

„Ако дојде до гласање во Парламентот јас се надевам, дека тоа ќе биде консензуално, но ако не е консензуално на кој било друг начин социјалдеморкатите ќе гласаат за оваа измена. ДИК е подготвена, институциите се подготвени, постапката е едноставна“, рече Заев.

Тој нагласи оти смета дека постои поддршка за овие измени. – Мислам дека имам поддршка, јас не сум иницијатор вака кога кажувам. Најголемата политичка партија од помалубројните етнички заедници е ДУИ, мислам дека има вкупно 23 Албанци во Парламентот, а ДУИ има 10 пратеници, каде се другите помалубројни заедници. Дали се согласуваат ќе видиме на гласањето, да направиме чекор, а ако не успееме, што се надевам дека нема да се случи, ќе се направи притисок за тоа за следните избори, рече Заев, кој верува и дека овие измени ќе ги привлече оние граѓаните, кои не се заинтересирани за избори да го тестираат новиот изборен модел.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ, пак, претходно неделава изјави дека политичките партии усогласиле измени на Изборниот законик, во кои не се предвидува промена на изборниот модел. Тој тркалезната маса што се одржа во вторникот во Собранието на иницијатива на 15 пратеници од помалите парламентарни партии ја оцени како неформална средба на ентузијасти, и подвлече дека е апсурдно да се дискутира за промена на изборен модел на пет месеци пред предвремени избори.

„Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда. Неделава имавме сите средба, и политички партии, невладините организации и меѓународни организации и веќе сме усогласиле текст на предлог-закон кој што во себе ги инкорпорирта сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР од последните три изборни циклуси претседателски, локални избори и референдум и во тој предлог не се дискутира околу изборен модел“, изјави  Груби.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Заев дека СДСМ не се откажуваат од идејата за нов изборен модел, па дури и за претстојните предвремени избори и оти би ја поддржале евентуалната иницијатива за тоа и без консензус, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, оцени дека дури и да се донесе измена, би било неодговорно таа да се имплементира на претстојните предвремени избори. Не ја затвараат вратата за промена на изборниот модел, но, рече, остануваат на ставот за 120 изборни единици, и оти кој модел и да се договори што ќе биде применлив после изборите на 12 април „треба да биде апсолутно и никако на друг начин освен со консензус на големите партии“.

Нашиот предлог е мнозински модел со 120 изборни единици и секако дури и сега да се донесе имплементација после изборите на 12 април, бидејќи е многу неодговорно да се влезе во измена на изборниот модел на неколку месеци пред избори. Тоа ќе отвори проблеми како во самата постапка за спроведување на изборите така за политичките партии или за граѓаните во однос на запознавањето со истиот како тој ќе функционира и сите останати работи кои што доаѓаат со промена на изборниот модел. Значи не ја затвораме вратата за промена на изборниот модел, нашиот предлог е тој кој што го кажав, мнозински со 120 изборни единици, бидејќи на тој начин ќе се покаже најголема транспарентност, најголема отвореност, ќе им се даде на граѓаните едноставно буквално за личноста да гласаат, меѓутоа ќе можат на најдобар начин да дадат отчетност од пратениците на тој начин.

Петнаесет пратеници кои доаѓаат од помалите партии како и независни пратенции кои застанаа зад иницијативата за промена на изборниот модел со една изборна единица наместо сегашните шест, најавија дека во најскоро време ќе поднесат закон за измени на Изборното законодавство во кој ќе се имплементира нивното барање. Од Иницијативата предлагаат и отворени листи што би се вовеле од следните локални избори, како и еднаква родова застапеност, односно по 50 проценти мажи и жени.

За промена на Изборниот законик  потребно е апсолутно мнозинство од 61 пратеник и „Бадентерово мнозинство“, односно мнозинство од припадниците на заедниците.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ