• Latest

Реакции: Од „Уа“ до „Браво“; „Цела влада треба да го следи светлиот пример на Таравари“…

May 14, 2025

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Реакции: Од „Уа“ до „Браво“; „Цела влада треба да го следи светлиот пример на Таравари“…

May 14, 2025 12:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

По одлуката на лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, да ја напушти актуелната влада, но и да излезе од коалицијата ВЛЕН, редакцијата на ЦивилМедиа, во веќе установеното „Прашање на денот“, одлучи да ги праша граѓанките и граѓаните што мислат за излезот на Таравари од владата.

Лидерот на Алијансата за Албанците и (се уште) министерот за здравство, Арбен Таравари, пред два дена соопшти дека партијата ја напушта владата, и дека понатаму ќе делува од опозиција.

Таравари како причина за ваквата одлука ги наведе разочарувањето од неиспорачаните промени и недовербата меѓу партнерите во власта, особено во контекст на преговорите за локалните избори. Според него, сега партијата подобро ќе функционира надвор од Владата, ќе биде со граѓаните и ќе ги слуша нивните гласови.

Според Таравари,  има огромно незадоволство помеѓу сите граѓани, но посебно кај Албанците за тоа како владее коалицијата „ВЛЕН“ во оваа Влада.

Јавноста и медиумите будно ги следеа случувањата околу недоразбирањата во коалицијата „ВЛЕН“, и неретко се поставуваше прашањето дали по одлуката на АА да излезат на локалните избори со посебна листа ( не заедно со другите партии во коалицијата ВЛЕН), Таравари ќе остане или ќе си замине од владата, или – дали премиерот Мицкоски ќе одлучи тој да остане во влада.

Според Таравари, на партиски состанок била донесена одлука да ја напуштат владата, што е спротивно од неговите претходни изјави, дека Мицкоски ќе реши дали ќе останат или ќе ја напуштат владата.

Како и да е, тие излегоа и од коалицијата и од владата, а одговорите што ги добивме од граѓаните, на  прашањето за неговиот излез  од владата, се различни.

Од „Уа“ –до „Браво“, „Одличен потег“, „Цела влада треба да го следи неговиот светол пример“( иронично, секако,), и уште многу други одговори, од кои голем дел се во одредена мера во насока на одобрување, но во смисла на немање потреба од негово присуство и во владата, но и како министер за здравство.

„Состојбите неминовно водат кон вакви дезинтеграции во периодот кој следи. Политиките кои ги закочија ЕУ интеграциите неминовно ќе продуцираат конфликти (порано или подоцна).“, гласи еден од одговорите.

„Повторно нов министер за Здравство, нови директори. Здравството се полошо и полошо. Ништо добро.“, вели еден граѓанин, изразувајќи грижа за актуелната состојба со здравството.

Во одговорите може да се види и дека со овој потег на Таравари би можеле да се предизвикаат и предвремени парламентарни избори, но, како што изјави Мицкоски, нема да има парламентарни избори бидејќи според него, владата е стабилна, за разлика од постојаните тврдења од опозициската коалиција „Европски фронт“ предводена од ДУИ, дека оваа влада не исполнува ништо во однос на евроинтеграциите, не работи на промена на Уставот, моменталниот услов број 1 за придвижување кон ЕУ, и дека оваа влада работи систематски кон уназадување на правичната застапеност на етничките заедници- новиот Закон кој веќе речиси девет месеци е во припрема ( според владата).

Дел од одговорите на граѓаните ( што секако го отсликува и нивното расположение и мислење за владата) се во насока на тоа дека ова е почеток на распадот на владата, а се бара и отчет, односно, Таравари да ги обзнани вистинските причини за излезот од владата.

Владата веројатно ќе донесе нов министер за здравство, а дел од граѓаните, во голем број незадоволни од здравството во земјава – децениски, според одговорите, сметаат дека со заминувањето на Тараври, ќе се сменат можеби на подобро работите и таму. Дали со промени на министри на секои неколку месеци ( што често се случуваше со министерството за здравство во изминатите години), или со служење само еден мандат можат да се променат работите кон подобро- е прашање кое треба да се постави високо на агендата на секоја влада, бидејќи е јасно дека овој „модел“ води кон дополнително уништување на едно од најважните министерства.

Прашањето „Што мислите за излезот на Таравари од владата“ доби над 60 одговори, од кои може да се заклучи дека едни едвај чекале да си оди, а други мислат дека неговиот потег е добар бидејќи не треба да останува во влада која не работи за интересите на граѓаните.

Редакцијата на ЦивилМедиа, ги охрабрува граѓанките и граѓаните да дадат свои одговори, пораки и сугестии на прашањата на денот, и е простор во кој секогаш можат да се обратат со свои прашања, коментари, споделување искуства, критики или пофалби.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

Д. Т.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ