• Latest

Промовиран двојазичен прирачник „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“

July 14, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Промовиран двојазичен прирачник „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“

July 14, 2021 15:44
in ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Двојазичен прирачник за семејства на деца со аутистичен спектар на нарушување  „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“ денеска беше промовиран во кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.

Прирачникот е резултат на долгогодишна посветена работа на авторите доц. д-р Стојан Бајрактаров, доц. д-р Насер Дурмиши, д-р сци Силвана Филипова и Билјана Крстевска-Кокорманова, а негови рецензенти се доц. д-р Ана Попоска, м-р Василка Галевска – Јовчевски и м-р Дита Торте – Чиче.

Организатори на промоцијата на прирачникот се ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје со поддршка на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

Во своето обраќање на настанот, сопругата на претседателот истакна дека овој прирачник може да им помогне на членовите на семејствата подобро да ги разберат децата и младите со аутистичен спектар на нарушување.

-Покрај тоа што е информативен, прирачникот е и многу едукативен  бидејќи содржи стратегии што можат да ја подобрат комуникацијата и интеракцијата со лицата со аутистичен спектар на нарушување, рече Ѓоргиевска.

Според Ѓоргиевска, оваа публикација е и наш заеднички влог во подигањето на јавната свест за аутизмот.

-Наша должност, како општество, е да не забораваме ниту еден член на нашата заедница. Различностите не треба да бидат пречка, туку можност да се истражи потенцијалот што секој поединец го носи во себе и на таков начин  да направиме простор да ги искаже секој од нас своите посебности и вештини, истакна сопругата на претседателот додавајќи дека најтопло ја препорачува оваа публикација не само на членовите на семејствата кои живеат со аутизмот, туку и на целата македонска јавност.

На промоцијата, како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот, се обратија и министерот за здравство Венко Филипче, шефицата на канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија, Афродита Шаља – Плавјанска, како и рецензентите и авторите на прирачникот.

Целта на промоцијата е подигнување на јавната свест за да се влијае врз промената на ставовите на луѓето кон лицата кои се различни, како и создавање на еднакви можности за сите преку помош на стручните лица за доедукација за развивање на современи третмани, помош на родителите за прилагодување на условите во домот, помош на училиштата за подобрување на условите и квалитетот на едукацијата на овие лица и создавање на услови за нивна квалитетна  инклузија во општеството. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ