„Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството“ е темата на Дванаесеттата меѓународна конференција на е-Општество. Конференцијата ќе се одржи на на 31-ви јануари, во хотелот „Холидеј ин“.
Како што велат организаторите, настанот ќе обезбеди простор за собирање на претставниците на институции и организации кои работат на развој на оваа област, овозможувајќи нивно вмрежување и споделување искуства за справување со медиумски манипулации, со цел да се зголеми квалитетот и отчетноста на медиумската продукција, преку промоција на новинарските стандарди и зголемено граѓанско учество.
Конференцијата ќе обезбеди платформа за дискусија на домашни и меѓународни експерти во врска со загрижувачкиот глобален тренд на зголемени медиумски манипулации како популистичка пропаганда и лажни вести, објавувани во традиционалните медиуми, чие влијание се засилува преку социјалните медиуми, како и за укажување на можни решенија.
Kонференцијата е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од „Метаморфозис“.