• Latest

Пропагандно видео полно со дезинформации и лаги против министерот за здравство Филипче

April 12, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Пропагандно видео полно со дезинформации и лаги против министерот за здравство Филипче

April 12, 2020 17:17
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека цел свет, вклучувајќи ја и нашата држава се бори со ширењето на пандемијата КОВИД-19 и секојдневно се прават напори да се најде лек за нејзино уништување, опозицијата очигледно се подготвува за парламентарни избори. Наместо во овие тешки зравствено и економски времиња да покажат зрелост и да подадат рака за помош, тие го користат моментот за добивање на ситни политички поени.

На јутјуб каналот Хибриден Режим, на 3 април 2020 година е објавено пропагандно видео со наслов „Здравствениот систем во распад“, кој досесега има над 4 илјади прегледи, додека истото видео е споделено и спонзорирано на Фејсбук страната „За Право и Правдина“, и досега има над 84 илјади прегледи, над 70 споделување, и над 250 коментари. Според споделувањата на видеото лесно може да се види дека тоа е оркестрирано и организирано од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Здравствениот систем под ракводство на Филипче е во распад. Само Пи-Ар и собирање политички поени, а во реалноста, задоцнети мерки за лицата што влегуваат во Македонија и убедливо најмал број на тестирани во споредба со другите земји“, пишува во видеото.

Меѓутоа, фактите кажуваат нешто друго, министерот за здравство Венко Филипче посочи дека анализите покажуваат дека досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.

Во пропагандното видео пишува дека „Најголем број на заразени по глава на жител во целиот регион. Најголем процен на починати во регионот“.

Но, статистиката вели дека досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19, од кои 617 лица се позитивни. Досега починаа 29 лица, а 35 лица се излечени.

Во однос на регионот, во Србија вкупната бројка на починати е 65 лица и има 2.666 заразени лица.

Во Бугарија  досега се потврдени вкупно 611 случаи на заразени со Ковид-19. Починати од почетокот на епидемијата во Бугарија се 24.

Бројот на починати од Ковид-19 во БиХ достигна 23 лица, од вкупно 654 заразени со коронавирусот, (статистиката е од пред 3 дена).

Во Словенија вкупниот број на инфицирани од Ковид-19 досега изнесува 1091 лица, а до сега починаа 40 луѓе.

Во Албанија тестирани се 2.989 лица, а Ковид-19 е дијагностициран кај 400 од нив. Битката со оваа болест ја изгубија 22 лица…

Друга лага е тоа што во видеото потенцираат дека во државата има „Највисока стапка на заболен медицински персонал, над 300 лекари во карантин. Директори на болници главни во ширењето на КОВИД 19. Раст на заболени во болниците ширум државата, Кумановската болница, Скопска кардиологија, болница Козле…“

Но, според официјалните податоци досега во државата се регистрирани 52 случаи на заболени здравствени работници, од кои најголемиот дел се заразија додека биле на работно место и во директен контакт со заболените. Меѓу заболените е и директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Билјановска, за која имаше бурни реакции од јавноста.

Но, медицински персонал не се разболува само кај нас, колку за споредба, во Србија од 2.323 тестирани здравствени работници досега вкупно 260 биле позитивни на коронавирусот.

„Над 300 лекари во карантин“, веројатно мислат на написите за Грција.

„Криминалниот бизнис со тестови за КОВИД-19 – цвета. Што повеќе треба да се случи за да се освестат Филипче и Заев. До кога со оваа неодговорност и профитерство?“, се вели во видеото.

Ова пропагандно видеоа наиде на критика, и на потсмев. Еден од коментарите гласи „На која Цвета мислевте, не сфатив“?, „Одговорност се бара од народот, доста со манипулациите, не поминува пропагандата…“

Да, повеќе не поминува пропагандата и лажните вести и дезинформаците кај граѓан(к)ите, особено не поминува во овој чуствителен период. Бидејќи веќе се политички свесни дека ова пропагандно видео, навистина е само за ПИ-АР и собирање политички поени.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ