• Latest

Протекоа меилови на ФСБ за употреба на нуклеарно оружје: Тоа би било премногу комплицирано

November 28, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Протекоа меилови на ФСБ за употреба на нуклеарно оружје: Тоа би било премногу комплицирано

November 28, 2022 20:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Е-меилови објавени од свиркач од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) откриваат дека руски официјални претставници разговарале за потенцијалната употреба на нуклеарно оружје во војната со Украина. Електронската пошта е со датум од 17 март, 21 март и 12 април. Агентот на ФСБ, наречен „Ветрот на промени“, му ги испратил на Владимир Осечкин, руски активист за човекови права кој ја води страницата за борба против корупција Gulagu.net.

Свиркачот првпат го контактирал Осечкин на 4 март, а во неговите најнови писма од ноември открива дека се води војна меѓу сојузниците на Путин. Игор Сушко, извршен директор на Wind of Change Research Group, непрофитна организација со седиште во Вашингтон, ја превел кореспонденцијата од руски на англиски јазик, пишува Newsweek.

Писмата се објавени неколку месеци пред Путин да се закани дека Русија е подготвена да употреби нуклеарно оружје за да го одбрани својот „територијален интегритет“. Американскиот претседател Џо Бајден на 6 октомври изјави дека ризикот од нуклеарен „армагедон“ е на највисоко ниво од кубанската ракетна криза во 1962 година.

Во е-маилот од 17 март, напишан само неколку недели по почетокот на војната, изворот рече дека ФСБ се надева оти иако конфликтот со Украина е „надвор од логиката и здравиот разум“, сепак „нема да биде направена чиста глупост“ – мислејќи на употреба на нуклеарно оружје. „Ветрот на промени“ изрази сомнеж дека Путин навистина ќе го стори тоа, бидејќи Русија „исто така ќе биде на удар“.

„Масивен нуклеарен напад: дури и да претпоставиме дека е технички возможно, дека сите алки во синџирот ги следат сите наредби, во што веќе не верувам, тоа сè уште нема смисла. Таквиот удар би ги погодил сите“, напишаа тие.

Во меилот неколку дена подоцна, извор од ФСБ рече дека употребата на тактичко нуклеарно оружје против Украина ќе значи „пораз на Русија“ во очите на противниците и неутралните земји.

„Тоа би демонстрирало воена слабост, која ниту воениот успех не може да ја надмине“, напиша Ветрот на промени, додавајќи дека Путин може да се закани со употреба на нуклеарно оружје за „можно заплашување на Западот“.

Нуклеарен удар на Путин во војната со Украина „нема да постигне ништо“ и може да „предизвика такви последици што нема смисла да се земат предвид“, пишува во меилот на „Ветрот на промени“ од 12 април. Свиркачот, исто така, сугерираше дека командниот синџир во Кремљ би го блокирал Путин доколку тој некогаш се обиде да нареди нуклеарен напад.

„Односно, ако е тоа „технички возможно“, за што нема сигурност. Поточно, за почеток, би била потребна согласност од сите вклучени (во извршувањето на нуклеарен напад), што изгледа комплицирано“, се објаснува во кореспонденцијата внатре во ФСБ. Русија, исто така, би морала да го изврши нападот на начин „да не добие подеднакво таква ракета што ќе ја погоди точката за лансирање“, и да размисли за интервенција од други нации до руската територија, се вели во е-поштата.

А проектилите и понатаму ќе мора да стигнат до своите цели бидејќи пресретнувањето на такви ракети над наша територија би можело да биде непријатна „нуспојава“ што би совладал сè“, додаваат тие.

Во истата е-пошта, агентот на ФСБ го критикуваше недостатокот на стратегија на Кремљ во војната, вперувајќи го прстот кон Путин за воените неуспеси на Русија во Украина во тоа време. „Врвот на рускиот проблем сега го создаде лично Путин – со фактот што тој ги става своите политички барања над секоја целесообразност: воена, социјална, економска“, напишале тие.

Макс Бергман, директор на европската програма во Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС), претходно изјави за Newsweek дека верува оти Путин сега „очајно бара некаков начин да го промени овој конфликт“.

„Постои голема фрустрација што ги имате овие огромни резерви на нуклеарно оружје, кои сега се некако ирелевантни – не можете навистина да го користите, а сè што можете да направите е да се заканите дека ќе го употребите“, рече Бергман.

Аналитичарот додаде дека верува оти е поверојатно Путин да прибегне кон употреба на нуклеарно оружје или да се закани дека ќе го стори тоа доколку неговата делумна мобилизација на руските резерви се покаже како неефикасна во војната.

Г.Т.

Tags: меиловинуклеарно оружјеРусијаУкраинаФСБ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ