• Latest

Протести во Куба, остра реакција на полицијата, Бајден со поддршка на барањата за демократија, Мајами со протести во знак на солидарност

July 13, 2021

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Протести во Куба, остра реакција на полицијата, Бајден со поддршка на барањата за демократија, Мајами со протести во знак на солидарност

July 13, 2021 23:26
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Најголемиот протест со децении во Куба против комунистичкиот режим, велат извори од медиумите и опозицијата во Куба, објави Би-Би-Си.

Демонстрантите во неделата извикуваа слогани за слобода и единство додека маршираа кон главниот град, Хавана, до моментот кога полицијата не го пресретна маршот и почна со масовни апсења.

Според центарот за помош, Кубалекс, околу 100-ина луѓе се приведени во недела.

Претседателот на Куба протестите ги нарече „платенички“. Министерот за надворешни работи на Куба тврди дека демонстрациите се финансирани од САД.

Но тие што беа на улиците велат дека се лути поради колапс на економијата, храната и недостиг од лекови, раст на цените и начинот на менаџирање на Ковид 19 пандемијата.

Некои од пораките на протестот беа, „Нема храна, нема лекови, нема слобода“, „Не нѐ оставаат да живееме“. Исто така, имаше и пораки како „Слобода“, „Долу диктатурата“, „Не се плашиме“.

„Гласот на Америка“ објави дека претседателот на САД, Џо Бајден ги поддржува барањата за демократија и човекови права во Куба.

– Кубанскиот народ ја бараат својата слобода од авторитарниот режим. Не мислам дека сме виделе нешто како овој протест одамна, искрено некогаш, рече Бајден од собата на Рузвелт во Белата куќа. Соединетите американски држави цврсто стојат со кубанскиот народ додека тие ги бараат своите права и ги повикуваме властите во Куба да се воздржат од насилство во нивниот обид да го замолчат гласот на кубанскиот народ“ – изјави Бајден.

Администрацијата на Бајден ги отфрла тврдењата на Куба дека САД се виновни за јавните немири.

Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, изјави:

„Мислам дека е тешка грешка кубанскиот режим да толкува дека тоа што се случува во дузина градови на островот е резултат или производ на Соединетите американски држави.“

Американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си, известува дека во текот на попладнето голем број демонстранти ги блокирале патиштата во знак на поддршка на кубанските продемократски протести.

А. Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ