Поворката на демонстрантите во протестот против судските пресуди во случајот „Монструм“ тргна од паркот во Чаир. Поворката е блокирана со полициски кордон кај ТЦ Мавровка.
Еден од организаторите, роднина на еден од осудените, Бедри Хајдари, ја повика полицијата да го ослободи патот на демонстрантите.
„Ве замолуваме да ни го ослободите патот, бидејќи знаеме дека имате банална информација дека во градот има делегации од други држави“ – рече Хајдари пред полицискиот кордон.
Редарите се обидуваат да го одржат редот и не дозволуваат контакт со полицијата.
Извори од МВР посочуваат на соопштението порано денеска, во кое се посочени локациите на кои ќе бидат блокирани улиците.