• Latest

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред затворот во Шутка

December 3, 2017

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред затворот во Шутка

December 3, 2017 09:29
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Никола Груевски синоќа протестираа пред затворот во Шутка како поддршка за приведените во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април.

Учесниците бараат итно и безусловно запирање на сите процеси, на како што велат „политички прогон, малтретирање, терор и иживување и ослободување на сите лица кои се цел на тој политички прогон“.

Според професорот Александар Даштевски конструкцијата на делото е смешна и дека нема никакви основи за тероризам. Лицата кои се во притвор за ова дело, рече тој, се пријатели на цела Македонија.

„Првата причина некому да се одреди притвор е можноста да избега од државата. Дали овие седум месеци некој од нив можеше да избега? Никој не избега. Затоа нема основа“, додаде тој.

Влатко Ѓорчев ги поздрави актерите од МНТ затоа што покажале солидарност со својот колега, Владо Јовановски.

Актерската екипа на театарската претстава „Ничија земја“ ја откажа вчерашната претстава во знак на солидарност кон Јовановски, кому Кривичниот суд вчера попладне му одреди 30-дневен притвор за настаните во Собранието од 27 април.

„Тоа е театарот на Ристо Шишков, а денеска Владо Јовановски стана новиот Ристо Шишков. Зарем актер кој никого не нападнал, не удрил, не раскрварил треба да биде суден за тероризам, за дела против државата и уставниот поредок“, порача Ѓорчев.

Веќе неколку дена во фокусот на јавноста е апсењето и правната разврска за настаните од 27 април.

Собранието вчера го одобри барањето на Кривичниот суд за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.

Шестмината пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април.

Апсењата на осомничените за настаните од 27 април почна во вторникот кога меѓу приведените беа и поранешниот министер за внатрешни работи и директор на УБК, Митко Чавков, шесте пратеници и предводниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. На дел од нив им беше одредена мерка притвор од 30 дена, а дел добија куќен притвор.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ВМРО-ДПМНЕДаштевскиЃорчевзатворНикола ГруевскиПротестШутка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ