• Latest

Протест во Софија поради одбивањето на БПЦ да учествува на чествувањето 1000 години Охридска архиепископија

May 16, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протест во Софија поради одбивањето на БПЦ да учествува на чествувањето 1000 години Охридска архиепископија

May 16, 2018 09:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред седиштето на Синодот на Бугарската православна црква во Софија денеска се одржува протест поради одлуката на бугарските владици да не учествуваат на одбележувањето на илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија, што на  27 мај ќе биде одржано во Охрид. 

Претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“ Милен Врабевски, кој го организира протестот изјави дека зад грбот на патријархот Неофит бил направен заговор под надворешен притисок.

– Треба да се провери странското влијание врз бугарските институции кои рабаотат како држава во држава во корист на туѓи интереси. Одлуката на Синодот на БПЦ е донесена под странски диктат, изјави Врабевски.

Учесниците на протестот бараат одговор од Синодот на БПЦ за последната одлука да му се забрани на бугарскиот висок клир да учествува на чествувањето на илјадагодишнината на Охридската архиепископија.

Таквата одлука, според нив, е скандалозна бидејќи била донесена со прегласување од владиците, а во отсуство на патријархот Неофит, кој, како што потсетуваат, презел одговорност  и подал рака на Македонската православна црква, прифаќајќи БПЦ да и биде мајка црква. Тие му забележуваат на Синодот на БПЦ дека шест месеци по прифатеното барање на МПЦ да и биде мајка црква, бугарската црква не презела ништо во тој правец.

– Нема никакви активности во врска со духовното обединување на православните браќа од двете страни на границата. Последната одлука за неучествување на чествувањето во Охрид претставува целосно откажување од она што го вети БПЦ пред шест месеци и значи работење во корист на некои надворешни антибугарски интереси, велат организаторите од „Бугарска памет“.

Синодот на БПЦ на 14 мај донесе одлука да не биде прифатена поканата на поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан за заедничко одбележување на илјадагодишниот јубилеј на Охридската архипеископија. За таа одлука гласале осум бугарски владици, а четворица биле против. На синодската седница на која била донесена одлуката не присуствувал поглаварот на БПЦ, патријархот Неофит.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Бугарска памет“БПЦјубилејОхридска архиепископијаПротестиСофија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result