Мултедијалната изложба и хепенинг „Протест(и)“ на Александар Кондев се инспирирани од шестгодишно протестирање, документирано со над 10.000 фотографии.Борци за слобода и демократија се поканети да дојдат да се пронајдат на фотографиите и да се потпишат на Револуцијата, на 12 април, четврток, 17 часот во паркот на Жена-борец пред споменикот на Прометеј.
Изложбата го опфаќа периодот од протестите за Мартин Нешковски, па натаму. Датумот на одржување на овој мултимедијален хепенинг се совпаѓа со почетокот на Шарената револуција.
Поканети се сите граѓанки и граѓани, учеснички и учесници во Шарената револуција да бидат дел од одбележувањето на историското будење на граѓанскиот отпор во Македонија.
Борбата продолжува.
Мултимедијалниот настан финансиран и поддржан од Собрание на Град Скопје и Министерството за култура, а во организација и заедничка соработка на Александар Кондев, фотограф, со ЦИВИЛ-Центар за слобода, Кирил Михаилов, архитет, Ирена Стеријовска, режисерка и студио „Imagine“.
Б.Ј.