Над 200 Шарени вчера присуствуваа на мултимедијалниот настан „Протест(и)“ на Александар Кондев во паркот Жена-борец и се потпишаа во име на Револуцијата.
Александар Кондев, фотограф и автор на изложбата и перформансот вечерва ги поканува сите што немаа можност да ја проследат изложбата да ја посетат во Музејот на град Скопје чие отворање започнува во 20 часот, а на присутните ќе им се обрати Ѓунер Исмаил. Изложбата ќе биде поставена до понеделник, 16 април.
Шарените на вчерашниот настан симболично ги запалија факелите на слободата, одбележувајќи ја двегодишнината од #ШаренатаРеволуција.
Мултимедијалниот настан е финансиран и поддржан од Собрание на Град Скопје и Министерството за култура, а во организација и заедничка соработка на Александар Кондев, фотограф, со ЦИВИЛ – Центар за слобода, Кирил Михаилов, архитект, Ирена Стеријовска, режисерка и граѓанска активистка и студиото „Imagine“.
Фотографии: Биљана Јордановска