• Latest

Прес на ЦИВИЛ: Голем број граѓани оневозможени да гласаат!

December 11, 2016

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прес на ЦИВИЛ: Голем број граѓани оневозможени да гласаат!

December 11, 2016 12:41
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од ДИК и од Општинските изборни комисии – да им се јават веднаш на Избирачките одбори и да побараат од нив да им овозможат на набљудувачите да ја работат својата работа и да го почитуваат Изборниот законик. Значителен број граѓан(к)и нема да успеат да го остварат своето право на глас, затоа што ги нема на Избирачкиот список! Набљудувач на ЦИВИЛ јави дека во Валандово е фатен гласач како го фотографира своето гласачко ливче, по што интервенирала полицијата.

Се спроведува недозволен притисок врз гласачите и кршење на изборниот молк. Гласачите добиваат телефонски повици од партиските штабови ширум земјата. Оваа информација ја добиваат повеќе наши набљудувачи од целата земја. Тоа е вознемирување на гласачите и недозолен притисок врз гласачкото тело.

Злоупотреба на јавните ресурси во партиски цели се забележува на повеќе места низ земјата, како што е случајот со возило на „Македонски шуми“ во селото Љуботен.

Нотирани се повеќе случаи на евиденција на гласачи од вработени во администрацијата или партиски активисти кои стојат во непосредна близина на избирачките места.

Од изборен штаб на една политичка партија во едно скопско село, на адреса на нашиот набљудувач се упатиени закани. „Дали ова е набљудувачот на ЦИВИЛ? Дај да го фрлиме во канал!“, тенденциозно гласно разговарале партиските активисти.

Државната изборна комисија е одговорна затоа што одделни членови на Избирачките одбори не ги разбираат процедурите, па дури и го попречуваат изборниот процес.

Значаен број граѓанки и граѓани, едноставно, нема да успеат да го остварат своето право на глас, затоа што ги нема на Избирачкиот список и затоа што има голем број преместувања на Избирачки места, без навремена и видлива информација.

ЦИВИЛ бара од ДИК и од Општинските изборни комисии – да им се јават веднаш на Избирачките одбори и да побараат од нив да им овозможат на набљудувачите да ја работат нашата работа и да го почитуваат Изборниот законик, како и да овозможат тајност на гласањето.

Објавуваме само мал дел од случаите кои ги забележија набљудувачите на ЦИВИЛ кои се на теренот од 6.30 изутрината, во периодот од отворањето на избирачките места до 9 часот.

Член на Избирачки одбор на своето Избирачко место во Демир Хисар гласал јавно, а потоа го провоцирал нашиот набљудувач со прашањето „Дали и ова го забележуваш?“, што е во спротивност со начелата на тајност на гласањето.

На избирачко место 2447/2 во училиштето „Ибе Паликуќа“ во Сарај, набљудувач на политичка партија, седнал на место на член на Избирачки одбор и ги барал во списокот луѓето кои гласаат. Истиот партиски набљудувач го повикал набљудувачот на ЦИВИЛ и му вршел притисок.

Тајноста на гласањето не е загарантирана на неколку избирачки места во Општина Аеродром.

Јавна прозивка на гласачите е нотирана во Прилеп.

Во Липково, набљудувач на политичка партија стоел до Избирачкиот одбор и им кажувал што да прават членовите на ИО, а тие ги прифаќале неговите сугестии.

Гласање во име на друг е регистрирано во село Брњарци, скопско, на Избирачкото место 2332.

Избирачкиот одбор во Избирачкото место 2904 во општина Бутел го отстранил уредно акредитираниот набљудувач на ЦИВИЛ, без никакво објаснување. Кажано му е да излезе од Избирачкото место веднаш штом влегол, а на прашањето зошто го отстрануваат, одговорено му е само со зборот: „Така!“

Овластувањата на набљудувачите на ЦИВИЛ се одземени во повеќе случаи, а во еден случај, во Избирачкиот одбор 2840, овластувањата на нашиот набљудувач биле и фотографирани.

Според нашите набљудувачи и јавувањата од граѓанките и граѓаните, во првите два часа од гласањето, нема случаи на насилство.

На вчерашниот ден имаше случаи на притисоци врз гласачите, поткуп и кршење на изборниот молк во над 120 случаи, пријавени од набљудувачите на ЦИВИЛ, како и од граѓанските новинарки и новинари.

Tags: Македонијанабљудувањепредвремени парламентарни избориСКОПЈЕЦентар за СлободаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ