• Latest

Прв онлајн регистар на е-трговци

March 16, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Прв онлајн регистар на е-трговци

March 16, 2021 10:14
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Онлајн регистар на е-трговци креираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија АЕТМ во рамки на бесплатната едукативна веб платформа ecommerce4all.mk. Преку регистарот купувачите имаат можност лесно да проверат пред да направат нарачка дали се работи за регистрирана онлајн продавница.

Изработен е во соработка со петте банки кои што нудат е-трговија.  Целта, како што велат од АЕТМ, е да ја зголеми информираноста на купувачите и нивната заштита, да им овозможи лесно да направат разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата и да ја намали можноста за купување од непроверени онлајн продавачи и учество во сивата економија.

-Пандемијата отвори бројни можности за забрзување на растот на е-трговијата, но и бројни предизвици за е-трговците. Сѐ почеста е појавата на голем број нерегистрирани продавачи кои нудат производи за продажба преку пораки на социјалните медиуми, што претставува нелојална конкуренција за регистрираните онлајн продавници. Кога купувачите прават нарачки преку пораки на социјални медиуми од продавачи (регистрирани или нерегистрирани) од кои не добиваат сметка или потврда (фактура) за купените производи, ги става во позиција да не можат потоа да ги остварат правата за нивна заштита, да го вратат или заменат производот ако не се задоволни од она што го добиле, со што се зголемува недовербата во онлајн купувањето. Ваквите нарачки дополнително влијаат негативно кон развојот на е-трговијата и се дел од сивата економија која е штетна за целокупниот развој на општеството, соопшти АЕТМ.

Од Асоцијацијата истакнуваат дека се стремат да придонесат за подобра бизнис околина за раст и развој на е-трговијата и укажуваат дека сивата економија и нелојалната конкуренција се пречка за развојот.

Во текот на 2020 година беше лансирана платформата „е-трговија за сите” https://ecommerce4all.mk/ која на едно место ги содржи сите потребни информации за започнување и водење на бизнис во е-трговија. Како дел од платформата е и модулот посветен на сивата економија во рамки на кој се креираше и објави првиот онлајн регистар на е-трговци, кој ги содржи сите онлајн продажни места, кои што се регистрирани во една од петте банки во нашата земја кои нудат е-трговија, односно процесирање на онлајн трансакции. Ваквиот регистар беше една од препораките во Извештајот од анализата на е-трговијата во 2018 година.

Од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија велат дека се потребни заеднички напори за намалување на сивата економија – институциите да го дадат својот придонес, граѓаните да се заштитат себе си преку купување само од регистрирани е-трговци, а компаниите да ги унапредуваат своите процеси, корисничко искуство и да одиграат едукативна улога кај потенцијалните купувачи.

-Согласно спроведениот анкетен прашалник на 2.800 е-купувачи кој беше дел од сеопфатната Анализа на е-трговија, 2020 година, 47 проценти од купувачите прават нарачки преку пораки на социјални медиуми, а 61 процент од нив се изјасниле дека го прават тоа затоа што им е полесно и побрзо. Четириесет и осум проценти од е-купувачите никогаш не добиваат фискална сметка при ваквите нарачки, а 27 проценти се изјасниле дека ретко добиваат. Над 70 проценти од нив се запознаени за ризиците, дека не се заштитени како потрошувачи, како и дека се дел од сивата економија, но сепак го прифаќаат ризикот при ваквите нарачки. Овие податоци се загрижувачки и говорат за ниското ниво на даночен морал и свест за значењето и негативните последици од сивата економија, како и ниското ниво на дигитални вештини на населението. Преку регистарот на онлајн продажни места купувачите имаат можност лесно да проверат пред да направат нарачка дали се работи за регистрирана онлајн продавница, изјави Нина Ангелова, претседател на Асоцијацијата за е-трговија.

Покрај регистарот за е-трговци, АЕТМ објави и едукативно видео како дел од напорите за адресирање на сивата економија во Република Северна Македонија.

АЕТМ во јануари годинава го воведе „беџ за верификуван е-трговец” кој преставува визуелна ознака која ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој ги има имплементирано неопходните законски регулативи и правила за работење во е-трговијата.

Асоцијација за е-трговија на Македонија преку интернет платформата „eCommerce4All“ едуцира за безбедно и легално започнување со онлајн продавање и купување, подигнување на свеста и намалување на сивата економија и за зголемување на конкурентноста на постоечките е-трговци. Веб платформата е дел од иницијативата „E-commerce for All”, која се реализира со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    171 shares
    Share 68 Tweet 43
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ