• Latest

Прв училишен ден: Децата можеби возбудени, но родителите загрижени од проблемите со кои се соочуваат секоја учебна година

September 1, 2024
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО- ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Прв училишен ден: Децата можеби возбудени, но родителите загрижени од проблемите со кои се соочуваат секоја учебна година

September 1, 2024 12:50
in ВЕСТИ, ЕДУКАЦИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Утре започнува новата учебна година. Родителите се соочени со стресот и проблемите што ги следат нивните деца со години, па и децении наназад. На учениците и нивните родители ништо не им значи тоа што се смени власта и дојде ново лице да го води Министерството за образование и наука. Проблемите остануваат исти и се влечат со години, па и децении.

ЦИВИЛ ги охрабри родителите да ги споделат своите искуства со образовниот систем (линк до контакти). Во меѓувреме, пристигнаа триесетина пораки од родители во кои главно се потврдуваат истите проблеми како и оние што ги споделија родителите во претходниот прилог на ЦивилМедиа под наслов „Со кои проблеми се соочуваат родителите пред почеток на учебната година: Парталави учебници, високи трошоци, страв од Ковид, сегрегација“.

„Браво Цивил за овој напис“, вели една наша читателка. „Не е нормално да им се ускратува на нашите најмили, на идните генерации“, пишува таа во пораката.

Бабите и дедовците се голема потпора во семејствата. Нивните пензии и нивното слободно време се од голема помош.

„Сè останува на нас, постарите. Внуците немаат каде да одат после школо, ние ги земаме. И од пензијата двоиме, сè е скапо, а божем е бесплатно школувањето“, вели една читателка, коментирајќи го тоа што нема дневен престој за децата.

И претходно, во повеќето од изјавите на родителите со кои разговараше ЦивилМедиа, се слушна и ставот дека „проблемите не се од сега, туку се влечат со години наназад“.

Проблемот со учебниците и нивната состојба ги загрижува сите родители. Иако учебниците се нудат како бесплатни од државата и МОН, се поставува прашањето дали некој води сметка за физичката состојба на учебниците. Искуството на друг родител со кој разговараше ЦивилМедиа, покажува дека тоа дополнително го оптоварува семејниот буџет.

Фото ЦИВИЛ

Проблем е и хигиената, недостаток на сапун и тоалет во некои училишта. Проблем претставува и  целоднавната настава, која ако не е укината, тогаш не ги исполнува условите за соодветно згрижување на децата.

Со вакво образование, односно со ваква грижа за новите генерации, државата може да очекува само да продолжи иселувањето. Тоа е, барем, заклучокот на еден од нашите читатели кој ни напиша порака поттикнат од нашиот претходен прилог.

„Со ваква негрижа од државата за децата и за младите, не треба да се чудиме зошто ни заминуваат младите. Ни пристојно основно училиште не знае да направи државата, камоли нешто друго. Криво ми е што и јас не заминав со време“, вели еден наш читател, поттикнат од нашиот претходен прилог.

Овие состојби, како што рекоа повеќето родители, соговорници на ЦивилМедиа, се хронични и ги погодуваат сите, а најмногу децата. Досега, сè останува само на празни ветувања за „стратегии“ и „реформи“, но стандардите остануваат исклучителни ниски. Состојбата на образованието продолжува да се влошува.

Б. Јордановска


Нова учебна година, стари проблеми: Стрес и загриженост на родителите

Со кои проблеми се соочуваат родителите пред почеток на учебната година: Парталави учебници, високи трошоци, страв од Ковид, сегрегација

Tags: Децапроблемиродителиучебна година
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ