Поради агресијата на руските војници во Украина, Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин станаа непожелни во светот, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, на брифинг во Вашингтон, пренесе Укринформ.
„Би рекла дека Русија и претседателот Путин се покажаа себеси како непожелни во светот. А мислењето на претседателот е дека нема место на меѓународниот форум“, рече таа, прашана за учеството на Русија на самитот на Г20.
Според Псаки, постапките на Русија и постапките на претседателот Путин ги прават земја и лидер за кој американскиот претседател Џо Бајден смета дека не треба да учествува на меѓународните форуми.
подготвил Д.Мишев