• Latest

Петковски: Од „свои на своето“, до „изневерени надежи“!

January 25, 2017

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петковски: Од „свои на своето“, до „изневерени надежи“!

January 25, 2017 13:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Изневерени очекувања, надежи.. Никој во 1991-та, не очекуваше дека по 26 години самостојност, Македонија во сите сфери на животот ќе биде зад деведесеттите години, кога независната државата се градеше и се донесе Декларацијата за сувереност“, вели во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, Тито Петковски, еден од претседателите на Собранието на Република Македонија, по повод 26-годишнината од донесувањето на Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија, на 25 јануари 1991 година

На собраниска седница која се одржа на денешен ден пред 26 години, Декларацијата беше изгласана едногласно, со 120 гласа „за“ на пратениците од првиот состав на парламентот.

„Македонија имаше одличен старт и на внатрешен и надворешен план, и демократијата почна да ги освојува граѓаните, односно, граѓаните да ја освојуваат демократијата. Првите повеќепартиски избори внесоа многу енергија, многу жар и многу очекувања меѓу граѓаните, независно од нивната етничка припадност. Мислам дека Декларацијата внесе огромен оптимизам меѓу граѓаните, дека сме веќе конечно, ‘свои на своето’. Македонија имаше шанси да биде меѓународно етаблирана држава, да биде демократска, да гарантира рамноправност на граѓаните, тие да имаат подеднакви услови во сферата на политиката, економијата“, се сеќава Петковски.

„Од тоа, денеска нема ништо! Денеска практично, животниот стандард е многу понизок отколку во деведесеттите години. Македонија е неизвесна на меѓународен план, на внатрешен план – етничките конфликти во секој момент може да ескалираат. Тогаш имавме постабилни, посигурни односи, и многу повисок степен на доверба. И затоа, велам дека Македонија, денес, 26 години по донесувањето на оваа Декларација, може да се дефинира како држава на изневерени очекувања на нејзините граѓани!“, вели Петковски.

Декларацијата ја изразува „сувереноста на Социјалистичка Република Македонија, во согласност со уставните определби за независност и територијален интегритет на македонската држава, како и правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување“.

По донесувањето на Декларацијата за сувереност, следуваше и донесувањето на Декларацијата по повод плебисцитарно изразената волја на граѓаните за суверена и самостојна македонска држава Македонија на 17 септември 1991 и Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава на 19 декември 1991.

Д. Муратов / М. Теговска

Tags: ДекларацијаМакедонијанезависностСобраниеТито ПетковскиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ