• Latest

Петров: Владата треба медиумите да ги гледа како партнери и коректори

December 20, 2017
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петров: Владата треба медиумите да ги гледа како партнери и коректори

December 20, 2017 15:32
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во разговор за ЦИВИЛ Медиа, менеџерот на ТВ Канал 8, Ангел Петров, зборува за состојбата со медиумските слободи во Македонија и притисоците со кои се соочуваат новинарите и медиумите.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е состојбата со медиумските слободи во Република Македонија?

Петров: За разлика од поголемиот број на телевизии коишто работат по дваесетина години ние сме меѓу последните коишто добивме дозвола за работа, односно лиценцата, концесијата тогашна ја добивме на крајот на 2008 година, а со работа започнавме на почетокот на 2009 година. За разлика од колегите ние не видовме од тие златните времиња на медиумите. Ние нашата работа ја започнавме токму во најтешкиот период за работење кога претходната власт беше во полна моќ и кога многу малку медиуми, и не само медиуми, туку и организации се спротивставуваа на притисоците коишто ги вршеше претходната влада. Меѓутоа, ние на некој начин успеавме да одолееме на тие притисоци, иако пак ќе кажам, сме релативно млад медиум. На некој начин успеавме да го наметнеме нашето постоење кај гледачите и со нашата објективност и информирање онака како што е, да ја придобиеме нивната доверба и да бидеме нивен партнер во разрешувањето на проблемите. Голем број наши сограѓани кога увидоа дека работиме онака како што треба доаѓаа и ни укажуваа на некои работи за коишто ние не бевме свесни. Реално имаше притисоци, но притисоците во изминатиот период најчесто не беа директни од власта, туку на некој начин беа самоцензурирање, затоа што секој новинар, па и уредник, прво ќе размислеше добро дали да го објави тоа што треба да го објави, со страв дека утре сигурно, а ако не утре тогаш задутре, ќе му дојде некаква инспекција за да провери по архива и документи. А знаете како е, кога ќе ви дојде инспектор, секогаш може да најде начин да ве казни, а најчесто беа праќани по нарачка.

Пак ќе повторам ние не видовме од „златните“ односно убавите денови на медиумите. Се надевам дека сега со промената на власта работите ќе се сменат, дека новата влада во нас ќе гледа како на еден вид партнер во креирањето на нивната политика, или да кажеме коректор, доколку згрешат. Целта на објективното информирање не е постојано да ја куди владата и на тој начин да ја зголемува гледаноста. Знаеме дека лошите и црните вести добро се продаваат. Доброто информирање, гледањето на јавното добро треба да биде пред се приоритет за секој медиум, односно да се укаже на грешките кои што ги прават локалната влада или државната, за да тие ги согледаат нивните грешки и ги корегираат. Значи да не се повторат во некоја следна прилика.

ЦИВИЛ Медиа: Дали владата во изминатиот период даваше пристап до финансиски средства преку реклами или преку некој друг вид на помош за вашата телевизија, и дали тие средства на некој начин беа условени со послушност, или поинаков вид на информирање?

Петров: Ние сме едни од телевизиите што последни добивме концесија за работа, реално имавме од владините приходи, меѓутоа со најкраток рок, некаде околу година дена пред да ги укинат, и немавме никакви условувања, никакви барања за возврат за тоа што ќе ни го дадат, затоа што мислам дека и тие сфатија дека и на нив им одговара на некој начин, некој што објективно ќе информира. Немавме никакви притисоци и барања за враќање на услуги за тоа што ќе добиваме, ниту конкретно од владата, ниту пак преку маркетинг агенциите кои што во некои случаи беа договарачите за рекламите кои ние ги емитувавме.

ЦИВИЛ Медиа: Дали уредниците и новинарите во вашите медиуми се слободни да информираат за сите настани за кои сметаат дека треба да информираат, дали има доволно слобода на изразување во нивната работа?

Петров: За среќа ние имаме сопственик кој што во ниеден момент се нема замешано во работата на телевизијата. Значи, неговата цел за постоењето на телевизијата е објективното информирање за граѓаните и на некој начин позитивно влијание врз мислењето на граѓаните.  Нормално дека постои уредувачка политика која што ја уредува главниот одговорен уредник на телевизијата, меѓутоа тој ни од сопственикот на телевизијата, ниту пак од мене како менаџер некогаш добил некакви инструкции за работење. Значи, потполно независно работење на новинарската екипа.

ЦИВИЛ Медиа: Дали невладините организации имаат простор во таа програма која вие ја менаџирате и дали мислите дека има простор за подобрување?

Петров: Секако дека простор за подобрување постои, нели секогаш може да биде и подобро, меѓутоа можам да кажам дека ние со невладините организации од Кочани имаме одлична соработка, независно дали се работи за покривање на настани кои што тие ги организираат, меѓутоа ние со невладиниот сектор во Кочани воспоставивме и партнерски односи. Со последниот проект кој што МОСТ го објави, за истражувачки стории, ние добивме понуди од 3 или 4 невладини организации кои што би сакале да соработуваат со нас. Бидејќи проектот се реализира во партнерство на невладини организации и медиум, тие побараа наше учество, односно наше партнерство и морам да кажам дека ние сме задоволни од нивната понуда, меѓутоа бидејќи беа многу се одлучивме само на две да го дадеме нашиот потпис за кои што сметавме дека ќе биде од обостран интерес, односно интерес и од невладината организација и од нас како медиум, меѓутоа и на крајниот потрошувач на производот, а тоа е гледачот кој што ќе ја гледа таа продукција која ние сме ја креирале.

Џабир Дерала

Обработка на текст: Ангела Петровска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ангел ПетровКочаниМедиумипритисоцислободаТВ Канал 8
Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ