• Latest

Петрушевски: За слободни медиуми потребна е финансиска независност

November 27, 2017
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петрушевски: За слободни медиуми потребна е финансиска независност

November 27, 2017 12:13
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Срѓан Петрушевски, уредник на Радио Браво, Куманово, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, изјави дека слободата на медиумите многу зависи од финансиската состојба на истите.

ЦИВИЛ: Што подразбирате по слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Петрушевски: Под слобода на медиуми би требало да се подразбира пред сѐ информирање без никаков притисок за да можат граѓаните да согледаат состојбата во општеството реално. Слободата на изразување подразбира отсуство на страв кај граѓаните јавно да го изразат своето мислење, а за тоа да не трпат никакви последици. Со оглед на финансиската состојба на државата  обично последиците се по работното место.

ЦИВИЛ: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Петрушевски: Со тоа што ние во радиото немаме никаква обврска кон политичките партии ниту во изборниот ниту во предизборниот период. Во кратките вести информираме само за нивните активности. Ако барем една допирна точка имаме со нив, тие потоа тоа ќе го користат за вршење притисок. Дури и по цена на финансиите сакаме да си останеме сами на своето.

ЦИВИЛ: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Петрушевски: Додека сум јас во радиото, навистина не сме имале никаков притисок. Од политичките партии пренесуваме само информации без никакви коментари. Пред сѐ сме концентрирани на музиката, спортот и културата. Сметаме дека на граѓаните  им е преку глава од политика. Барем на оние што сѐ уште размислуваат нормално. Ние сме тука како некој вид издувен вентил на нашите слушатели.

Со оглед дека сме на работ на финансиско опстојување, знаеме дека ако имаме врски со политички партии кои се на власт, финансиски многу добро ќе поминеме, но последиците по самото радио, по угледот на радиото ќе бидат големи.

ЦИВИЛ: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Петрушевски: Мислам дека медиумите чувствуваат притисок поради лошата финансиска состојба. Кога би се решиле финансиите мислам дека тогаш медиумите би биле слободни. Кога финансиски би биле појаки, да можеме да земаме нормална плата, да имаме повеќе вработени, побогата и поквалитетна програма, верувајте дека притисок ќе немаме…

Биљана Јордановска

Комера: Атанас Петровски


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Кумановослобдни медиумислобода на изразувањеСрѓан Петрушевски
Share23TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ