• Latest

Публикација на ИМА: Уставните измени во медиумите: дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)“

September 29, 2023

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Публикација на ИМА: Уставните измени во медиумите: дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)“

September 29, 2023 15:43
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со промотивен настан и панел-дискусија, Институтот за медиуми и аналитика ИМА вчера (28.09.2023) во Скопје ја објави публикацијата „Уставните измени во медиумите: дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)“.

Публикацијата донесува авторски анализи, во кои истакнати истражувачи со повеќегодишно искуство во медиумите и во професионалните медиумски организации изнесуваат наоди, примери, ставови и мислења за известувањето на медиумите, дезинформациите, медиумските манипулации и говорот на омраза поврзани со предложените уставни измени, кои се услов за продолжување на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската унија.

Преку анализирање на начините на кои се одвиваше медиумското известување и јавната комуникација по ова прашање, четирите авторски анализи во публикацијата имаат за цел да ги детектираат главните наративи и модели на дезинформирање, медиумски манипулации и говор на омраза и да укажат на можните решенија кои би придонеле за намалување на штетите од поларизацијата на јавноста во дебатата за уставните измени.

Во анализата „Дезинформации, теории на заговор и медиумски манипулации за предложените уставни измени“ авторот Жарко Трајаноски  укажува на тоа дека дезинформациските наративи и манипулации кои беа препознаени за време на јавната дебата за „францускиот предлог“ во 2022 година, а и претходно за време на Преспанскиот договор, референдумот и уставните измени во 2018 и 2019 година, продолжија и во 2023 година во медиумската и јавната комуникација поврзана со уставните измени.

Преку конкретни примери, анализата на Трајаноски ги презентира главните наративи што содржеа дезинформации, теории на заговор и медиумски манипулации, меѓу кои се оние за „геноцид и етноцид“ врз македонскиот народ, „бугаризација“, дезинформациите во врска со македонскиот јазик, дезинформациите за почетокот, отворањето и продолжувањето на преговорите со ЕУ како и историските дезинформации кои беа неизбежен дел на медиумската и јавната комуникација и за уставните измени.

Во анализата „Уставните измени во алгоритамот дезинформации – омраза – поларизација“, авторот Зоран Бојаровски тргнува со хронологија на настаните и експлозијата на говорот на омраза за време на таканаречениот „француски предлог“ за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, чии карактеристики се пресликаа и во медиумското известување и јавната дебата за уставните измени.

Авторот укажува дека говорот на омраза беше силна „придружба“ на јавната дебата и во оваа фаза – особено во епизодите „Протоколот“, „Бугарски клубови во Македонија“, „Утврдување на уставните амандмани од страна експертската група“ и во уште некои други. Анализа ги идентификува карактеристиките и елементите на говорот на омраза и како тие се пресликуваат во актуелниот комуникациски амбиент во земјата во контекст на предложените уставни измени.

Д-р Сефер Тахири во оваа публикација учествува со анализата со наслов „Медиумите на албански јазик: Уставните промени, неопходни за интеграција во ЕУ“. Од оваа анализа произлегува дека медиумите на албански јазик, слично како и пред една година за „францускиот предлог“, имаа претежно афирмативно известување за предложените уставни измени кои се услов продолжување на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Тахири укажува дека иако известувањето било главно балансирано, со простор и за ставовите на владејачките и опозициските партии од албанскиот и македонскиот политички кампус, сепак во дел од медиумите провејувале критички тонови кон ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а големо внимание е посветено и на прашањето на уставниот третман на албанскиот јазик како „јазик кој го говорат 20 проценти од населението“, при што уставните измени се посочуваат како можност за промени и исправање на формулацијата која политичарите и медиумите на албански јазик ја сметаат како неправда.  Авторот се задржува и на случаите на сензационалистичко известување, користење верски вокабулар, како и на медиумските содржини со дезинформации.

Дел од оваа публикација е и анализата на авторот Петрит Сарачини „Уставните измени во медиумите и на социјалните мрежи: Силна поларизација и омраза, слаба онлајн модерација, малку истражувања и претставки до саморегулаторните тела“. Во неа се анализира медиумското известување за уставните измени и силната поларизација и говор на омраза што ги предизвикуваа оваа тема во јавноста но особено на социјалните мрежи, преку ставовите на неколку професионални медиумски организации.

Во изнесените ставови преовладува мислењето дека темата на уставните измени предизвикува видлива поларизација на јавноста, но од друга страна видлив е и недостатокот на посеопфатни и професионални медиумски истражувања на ова прашање, за кое и саморегулаторните тела истакнуваат дека имаат малку претставки во однос на прекршување на етичките правила во медиумското известување. Исто така, се истакнува дека малку медиуми ги модерираат коментарите на нивните постови на социјалните мрежи, а за говорот на омраза организациите посочуваат дека треба да има поконсолидиран и покоординиран одговор од страна на институциите.

Публикацијата е дел од активностите на Институтот за медиуми и аналитика ИМА, поддржани од Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy) од Брисел, и е придонес за остварување на заложбите на ИМА за унапредување на слободата на медиумите, справување со дезинформациите и говорот на омраза, развој на критичкото мислење и дебата, и потрагата по решенија за справување со овие важни предизвици.

Публикацијата може да се пронајде на следниов линк:

Уставните измени во медиумите дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)

Фото: ИМА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ