• Latest

Пукање, тепачки, бомби за само една недела од изборната кампања!

October 3, 2017
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пукање, тепачки, бомби за само една недела од изборната кампања!

October 3, 2017 14:31
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите неколку денови, откако започна изборната кампања се случија неколку посериозни инциденти. Засега надлежните институции молчат и не кажуваат кои се мотивите за инцидентите што се случија. На првиот ден од отпочнувањето на изборната кампања, беше фрлена бомба во скопско Стајковци. Вчера, Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари, а воедно и кандидат за градоначалник на општината за локалните избори е нападнат и повреден, додека одржувал средби со граѓанките и граѓаните на Шуто Оризари. Заедно со него бил и Аднан Мемед, шеф на кабинетот на градоначалникот.

Од МВР информираат дека се идентификувани и повикани на разговор пет лица, што учествувале во тепачката и во постапка е прибирањето докази за понатамошно постапување.

„Министерството за внатрешни работи најостро ги осудува сите облици на насилство, а особено во текот на изборната кампања. Изборниот процес е наменет за преставување на кандидатите и нивните програми и Министерството смета, дека тоа е единствениот начин преку кој граѓаните треба да бидат запознаени со учесниците во изборниот процес. Секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран“, соопштуваат од МВР.

За помалку од една недела, во Кичево беше застрелан независниот кандидат за градоначалник на оваа општина, Алит Абази. Пукањето неофицијално се случи поради приватни нерасчистени сметки. За овој инцидент сè уште се чекаат официјалните резултати од истрагата.

Изутрината, избувна пожар во пекарницата „Кендо“, која што е во сопственост на таткото на поранешниот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој пак е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Ѓорче Петров. Пожарот го зафатил и покривот на семејната куќа на Мисајловски. Според очевидците, огнот првично избил од оџакот.

Пред полноќ пукнала експлозивна направа во семеен двор во скопската населба, Сарај. Полицијата извести дека за настанот била алармирана од сопственикот, кој што при увидот пријавил дека од експлозивната направа, му е оштетен и дел од куќата и возилото. Засега не се знае, кој и зошто му фрлил експлозивна направа во дворот.

ЦИВИЛ повикува институциите решително да се спротивстават на насилството, а престапниците да ги санкционираат соодветно на законот.

Дехран Муратов

Tags: Алит АбазибомбиВладо МисајловскиЕлвис Бајрамизбориинцидентипукањетепачка
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ