• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пукање на митинг, трагедијата во Тетово дел од партиските говори, претставник од НВО секторот во кабинетот на градоначалникот

September 29, 2021
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Пукање на митинг, трагедијата во Тетово дел од партиските говори, претставник од НВО секторот во кабинетот на градоначалникот

September 29, 2021 22:58
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

И оваа година не изостанаа истрелите од оружје на партиските митинзи. Трагедијата во Тетово во која загинаа 14 луѓе во модуларната болница дел од партиските говори. Ветување за соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник, како соработник на Кабинетот на градоначалникот…

ПУКАЊЕ НА МИТИНГ НА ДУИ

Пукање со оружје при отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Чаир вчера ( 28 септември 2021 год). На отворањето присуствуваа вицепремиер Артан Груби, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат во Чаир, Висар Ганиу и пратеникот, потпретседател на ДУИ и ексградоначалник на општината, Изет Меџити.

РЕАКЦИЈА НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

Од Алијанса за Албанците го осудуваат пукањето од како што ги нарекоа „милитантите на ДУИ“ и бараат Обвинителството да покрене истрага.

„Додека ДУИ ветува живот, на отварањето на штабот во Чаир промовира смрт!  Оружјето симболизира смрт и токму отварањето на штабот со истрели од огнено оружје од страната на милитантите на ДУИ, зборува за начинот на кој што оваа партија стреми кон победа,  со  закани, притисоци, манипулации и влевање на страв!

Строго ја осудуваме употребата на оружјето и бараме од Обвинителството да започне истрага за кривично дело- употреба на недозволено оружје на јавни настани.  Бараме одговорност и од организаторите на собирот, значи од партијата што го организираше настанот, одговорност за опасноста што и се закануваше на граѓаните од истреланите куршуми во воздух“, велат од Алијанса за Албанците.

СДСМ 

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на средба со граѓаните на Романовце и Пчиња истакна дека Оливер Илиевски е најдобриот градоначалник кој ќе му служи на народот и одлучува заедно со него.

Спасовски потенцираше дел од проектите за кои е сигурен дека кандидатот Илиевски ќе ги реализира како што се изработка на проект и изградба на канализациона мрежа и реконструкција на училишниот двор, детско катче за Романовце, изградба на водоводна мрежа, дислокација на депонијата, асфалтирање на патот од мостот до Бислимска клисура, изработка на филтер станица за Пчиња.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека заедно со Зоран Зимбаков кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на Босилово се обврзуваат дека во Босилово ќе воведат дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, а на иницијативите кои ќе дојдат од граѓаните да бидат одговорени во рок од 10 дена.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од митингот во Струмица порача дека само тие кои сработиле добро и секој ден работат сѐ подобро, можат со право и со чист образ да го ветат „Најдоброто“.

„Ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, како и соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник, како соработник на Кабинетот на градоначалникот“, заклучи Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од митингот во Неготино, се обрати со навреди и обвинувања против СДСМ, кои ги нарече и предавници.

„Власта најлошо убедливо се справија со КОВИД во Европа. 14 луѓе живи гореа, 14 луѓе во тешка мака го загубија својот живот во Тетово, а нив мува не ги лази. Еве неколку недели поминаа, а нема ниту еден од нив не успеа достоинствено да се одважи и да понесе одговорност“, рече Мицкоски.

Христијан Мицкоски од Кавадарци порача дека треба заеднички да се гради патриотизмот на 21 век, а тоа е модерен обединувачки патриотизам.

„Заедничкиот патриотизам е да се победи заедничката мака, да се создаде заедничка иднина, заедничкиот нов патриотизам на денешницата претставува заедничко обединување со цел поразување на криминалот и корупцијата кои ја заробиле Македонија и заеднички да создадеме подобра и побезбедна иднина со отворање и на нови работни места“, истакна тој.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Велес, Марко Колев, ветува дека „Питијада“ во Велес ќе биде вратена на помодерен стил.

„Питијадата“ ќе биде вратена во еден помодерен стил и на помодерен начин на она што значи забава и привлекување туристи“, заклучи Колев.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Зелен хуман град во сабота на кејот на Вардар спроти објектот Те-то ќе оствари средба со граѓаните.

„Оваа сабота ќе се дружиме повторно, на следната Агора средба. Уште една интересна и горлива тема, енергетска одржливост како концепт, а и енергетска ефикасност на веќе изградени објекти. Тема на која постои многу простор за подобрување во нашето Скопје, но и во државата“, велат од ЗХГ.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ