• Latest

„Пукна тиквата“ кај коалициските владини партнери за државниот грб

February 18, 2025

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

„Пукна тиквата“ кај коалициските владини партнери за државниот грб

February 18, 2025 21:22
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пукна тиквата кај владините коалициски партнери поради промената на државниот грб. Најголемиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на Максим Димитриевски имаат различни позиции по ова прашање. Додека ВМРО-ДПМНЕ е за промена, па дури и има идеја како ќе изгледа новиот државен грб, ЗНАМ на Максим Димитриевски е против.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, смета дека Македонија не треба да остане меѓу ретките држави кои сè уште користат советска симболика на својот државен грб, заедно со Белорусија, Таџикистан и со Ангола.

Според него, отворањето на дебатата за измена на грбот не е поврзано со економската криза или со претстојните локални избори.

– Оваа иницијатива нема врска со изборите. Доколку зборуваме за современи државни обележја, засновани на хералдички принципи, тогаш Македонија навистина треба да изгради грб што ќе ја одразува нејзината историја и определби. Нашата земја има богато историско наследство, кое може да ги поврзе АСНОМ, илинденскиот период и други значајни моменти, а сето тоа да биде претставено преку еден современ државен грб. Таков симбол би ја позиционирал Македонија како дел од европските држави – изјави Милошоски, коментирајќи ја дебатата за промената на државниот грб.

Тој нагласи дека ова прашање не треба да се гледа како средство за дефокусирање на јавноста, туку како можност за креирање обележје што подобро ќе ја претставува земјата на меѓународно ниво.

Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и „ја отсликува реалноста на македонскиот народ и македонската држава“.

Третиот партнер во владината коалиција, ЗНАМ, смета дека ако веќе разговараме за промени на грбот или на државните обележја „ќе се отвори една голема дискусија, една голема тема“.

– Сите тие симболи нам нѝ значат, вклучувајќи го и лавот и сонцето од Кутлеш, коешто за жал согласно Преспанскиот договор повеќе не е составен дел од таа иконографија, но, како и да е – исто така е и петокраката. Ќе отвориме дискусија, па ќе видиме. Не сакам да отфрлам ништо од самиот почеток, изјави Димитриевски.

ЗНАМ, посочи Димитриевски, сметаат дека не треба да се дозволи од државните обележја да имаме дополнително наметнување на политиката и партизација.

Против измените се изјасни и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека државниот Грб доволно ги прикажуваат сите придобивки од народноослободителната војна и дека нема поделба по етничка линија.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека политичкиот курс за промена на Грбот доаѓа по разговорите со коалициските партнери ВЛЕН. Владејачките албански партии бараат да се смени химната заедно со грбот и да се отсрани придавката 20% за Албанскиот јазик од Уставот.

Но, прашањето за државниот Грбот не е ново, бидејќи во 2014 година се разговараше меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за вклучување на лавот во него како симбол што би ги претставувал и Албанците. Сега од партијата на Мицкоски оценуваат дека ќе се отвори дебата за измените, со цел да се постигне консензус во недефиниран рок.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНВМРО-ДПМНЕзнамепромена на државен грб
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ