Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека украинските команданти во челичарницата „Азовстал“ во Мариупол не се меѓу оние кои досега се предале, пренесува МИА.
И сепаратистите и руското Министерство за одбрана соопштија дека се предале 959 бранители на „Азовстал“. Некои беа пренесени во болниците, но повеќето беа однесени со автобус во поранешна казнена колонија во сепаратистичкиот регион.
-Во моментов ги нема највисоките команданти, тие не сае заминати. Но, ова е ситуацијата во моментов, рече Пушилин за медиумите од Доњецк.
Според Пушилин, уште илјада украински војници со нивните команданти сè уште ја бранат својата позиција во фабриката за челик Азовстал во Мариупол,
На почетокот во челичарницата имаше „повеќе од 2.000 луѓе“, изјави лидерот на самопрогласената Доњецка република Денис Пушилин на средба со новинари во Мариупол организирана од руското Министерство за одбрана.
По предавањето, кое почна во понеделникот, останаа „малку повеќе од половина“, додаде тој, што значи околу илјада. „Командантите и високите офицери на баталјонот Азов сè уште не излегле“, рече лидерот на сепаратистите.
Руското Министерство за одбрана денеска претпладне соопшти дека „во последните 24 часа се „заробени“ 694 ветерани, меѓу кои 80 ранети“, додаде тој. Истиот извор наведува дека 51 биле примени во болницата во Новоазовск, која е под контрола на Русите и нивните сепаратистички сојузници.
Министерството не соопшти ништо за судбината на затворениците, а руските власти во повеќе наврати изјавија дека некои од нив не ги сметаат за војници, туку за „неонацистички борци“. Украинските власти, од друга страна, сакаат размена на воени заробеници.
Пушилин рече дека „сите што се здрави се во притвор во колонијата Еленовскаја“.
– Судбината на „воените злосторници и националистите“, доколку го положат оружјето, ќе ја реши судот, додаде тој.