Рускиот претседател Владимир Путин би можел формално да и објави војна на Украина на 9 мај, што ќе овозможи целосна мобилизација во Русија, наведува Си-Ен-Ен, цитирајќи западни претставници, пренесува Укринформ.
Путин би го искористил симболичното значење и пропагандната вредност на „Денот на победата“ на 9 мај за да објави или воено достигнување во Украина, голема ескалација на непријателствата – или и двете.
Официјалните лица почнаа да усовршуваат едно сценарио, а тоа е дека Путин официјално ќе и објави војна на Украина на 9 мај.
Британскиот министер за одбрана Бен минатата недела рече дека Путин „најверојатно ќе изјави на овој Први мај дека „сега сме во војна со светските нацисти и треба масовно да го мобилизираме рускиот народ“.
Други опции за 9 мај вклучуваат анексија на отцепените територии Луганск и Доњецк во источна Украина, да се направи голем притисок за Одеса на југ или да се прогласи целосна контрола врз јужниот пристанишен град Мариупол.
САД имаат „многу веродостојни“ разузнавачки извештаи дека Русија ќе се обиде да ги анектира Луганск и Доњецк „некое време кон средината на мај“, изјави во понеделникот американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер. Исто така, постојат индикации дека Русија би можела да планира да прогласи и анектира „народна република“ во југоисточниот град Керсон.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс рече дека има „добра причина да се верува дека Русите ќе направат се што можат за да го искористат“ 9 мај за пропагандни цели.
„Видовме дека Русите навистина ги удвојуваат нивните пропагандни напори, веројатно, речиси сигурно, како средство за одвлекување на вниманието од нивните тактички и стратешки неуспеси на бојното поле во Украина“, рече Прајс на брифингот во Стејт департментот.
Прајс рече дека „тоа би било голема иронија доколку Москва ја искористи приликата „Денот на победата“ за да објави војна, што само по себе ќе им овозможи да ги зголемат регрутите на начин што сега не можат да го направат, што би било еднакво на откривање на светот дека нивните воени напори пропаѓаат, дека тапкаат во место во нивната воена кампања и воени цели“.
Подготви: Д.Мишев