• Latest

Путин донесе одлука за суспендирање на учеството во договорот за намалување на нуклеарното оружје

February 21, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Путин донесе одлука за суспендирање на учеството во договорот за намалување на нуклеарното оружје

February 21, 2023 15:11
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот претседател Владимир Путин во неговото одложено годишно обраќање за состојбата на нацијата пред Националното собрание на Русија, обвинувајќи го Западот за сопствената неиспровоцирана целосна агресија врз Украина, и во обид да ги дезавуира константните неуспеси на бојното поле, изјави дека донел одлука да го суспендира учеството на неговата земја во Договорот за намалување на нуклеарното вооружување со САД – „Новиот СТАРТ“, загрозувајќи го последниот преостанат пакт со кој се регулираат двата најголеми нуклеарни арсенали во светот.

Како што пренесува Си – Ен – Ен, Договорот кој поставува ограничувања на бројот на распоредени нуклеарни оружја со интерконтинентален дострел што може да ги имаат и САД и Русија последен пат беше продолжен на почетокот на 2021 година за пет години, што значи дека двете страни наскоро ќе треба да почнат да преговараат за друг договор за контрола на вооружувањето.

Според клучниот договор за контрола на нуклеарното оружје, и на Соединетите Држави и на Русија им е дозволено да вршат инспекции на локациите за оружје на едни со други, иако инспекциите беа прекинати од 2020 година поради пандемијата „Ковид-19“.

Иако Русија не се повлекува целосно од пактот, се чини дека ја формализира својата сегашна позиција. Со месеци, американските власти беа фрустрирани поради недостатокот на соработка на Русија со договорот.

Според американски официјални лица, Русија постојано одбива да дозволи инспекции на нејзините нуклеарни постројки.

„Русија не ја исполнува својата обврска од Новиот договор СТАРТ да ги олесни инспекциските активности на нејзината територија“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент во јануари. Одбивањето на Русија да ги олесни инспекциските активности ги спречува Соединетите Држави да користат важни права според договорот и ја загрозуваат одржливоста на американско-руската контрола на нуклеарното оружје“, рече портпаролот.

Државниот секретар на САД, Антони Блинкен рече дека одлуката на Русија да го суспендира учеството во Договорот за намалување на нуклеарното оружје Новиот СТАРТ е „длабоко несреќна и неодговорна“.

Администрацијата на Бајден останува подготвена да разговара за договорот за нуклеарно оружје „во секое време со Русија, без оглед на се друго што се случува во светот“, рече тој.

„Ќе набљудуваме внимателно за да видиме што всушност прави Русија“, додаде тој, велејќи дека САД ќе се погрижат „соодветно да се постават за безбедноста на нашата земја и на нашите сојузници“.
„Мислам дека е важно да продолжиме да се однесуваме одговорно во оваа област, тоа е исто така нешто што остатокот од светот го очекува од нас“, рече Блинкен.

Седницата на Билатералната консултативна комисија за договорот требаше да се состане во Египет кон крајот на ноември, но ненадејно беше прекината. САД ја обвинија Русија за ова одложување, при што портпаролот на Стејт департментот рече дека одлуката била донесена „еднострано“ од Русија.

Последниот развој на настаните што го објави Путин „го става (договорот) за одржување во живот“, напиша на Твитер Ханс Кристенсен, директорот на Проектот за нуклеарни информации, прашувајќи се дали Русија сега ќе престане да разменува податоци со американските колеги.

„Острењето на нуклеарната сабја“ на Путин за време на војната ги вознемири САД и нивните сојузници, иако властите постојано ги отфрлаа потезите како празни закани.

Во декември, Путин предупреди на „зголемената“ закана од нуклеарна војна, а овој месец, Дмитриј Медведев, заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, се закани дека губењето на војната за Русија може да „провоцира избувнување на нуклеарна војна“.

„Нуклеарните сили не губат големи конфликти од кои зависи нивната судбина“, напиша Медведев во објавата на Телеграма. „Ова треба да биде очигледно за секого. Дури и на западен политичар кој има задржано барем некоја трага од интелигенција“.

И иако проценката на американското разузнавање во ноември сугерираше дека руските воени претставници разговарале под кои околности Русија би употребила тактичко нуклеарно оружје во Украина, САД не виделе никакви докази дека Путин одлучил да преземе драстичен чекор да го употреби, изјавија официјални лица за Си-Ен-Ен.

Подготви: Д. Мишев

Tags: Владимир ПутинДоговорот за намалување на нуклеарното оружјенуклеарна заканаруска агресија врз Украина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ