• Latest
Руски тенкови во близина на украинската граница, јануари, 2022 (фото: скриншот од Јутубе каналот на Military Update)

Путин, таа грда историска реприза

February 22, 2022
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Путин, таа грда историска реприза

Човекот кој го изгуби контактот со реалноста, изврши инвазија врз Украина. И врз светскиот мир.

February 22, 2022 18:31
in ЕДИТОРИЈАЛ, СВЕТ, ТОП 5
Руски тенкови во близина на украинската граница, јануари, 2022 (фото: скриншот од Јутубе каналот на Military Update)

Руски тенкови во близина на украинската граница, јануари, 2022 (фото: скриншот од Јутубе каналот на Military Update)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Тоа што подолго време го тврдеа американскиот претседател, експертите и разузнавачите, се покажа како точно. Путин цело време се подготвуваше за воена агресија и никогаш немаше намера да дозволи да дојде до дипломатско решение. Сценариото беше познато до детали, колку и да не сакаше светот (особено Европа) да верува во тоа.

Сцена по сцена, акт по акт, се напуштаа сите надежи дека Путин можеби и ќе се вразуми и ќе остане да плови низ дипломатските води. Без оглед на тоа колку тоа го правеше несмасно и со фантастични барања. Голем дел од европските политичари, пак, како да се надеваа дека, ако силно ги стиснат очите, некако ќе помине злокобниот татнеж на војната. Без оглед на фактот што во Украина, среде осумгодишна (не)декларирана војна, веќе загинаа повеќе од 14,000 луѓе и секој ден гине понекој украински војник или цивил.

Сепак, американскиот претседател Бајден, знаеше барем малку повеќе од сите други. Така и би – Путин тргна во нова етапа од својот воен поход на Украина, започнат во 2014 година. Тоа навистина и можеше да се очекува од човекот кој сите овие години се обидува да го „продаде“ лажниот империјален сјај на Русија, а себеси се доживува како современ руски император.

За да го оправда својот чин, веројатно пред себеси, бидејќи и онака никој нормален во светот не му верува, тој одржа гневен и театрален говор во кој ја објави својата одлука да ги признае украинските области Доњецк и Луганск како „независни и суверени народни републики“. Веднаш потоа уследи и потпишување на декрети за признавање и поддршка на „народните републики“. Со тоа, падна и „непредвидливата“ одлука и за испраќање на руски „миротворни“ сили во териториите кои од 2014 година ги окупираат токму марионетите на Путин и паравојската што тој силно ја помага и вооружува.

Се разбира, Путин го „поткрепи“ признавањето со само нему својствен „државнички“ чин да ги заштити Русите од „геноцид“ во Украина. Колку пригодно, неговите кучиња на војната од „независните народни републики“ во Доњецк и Луганск побараа заштита и, ете, ја добија. Театар за мали деца. Само крвав.

Во мугрите (22.02.2022), руските тенкови навлегоа на украинска територија во областа Доњецк и го означија почетокот на инвазијата по која во светот веќе ништо нема да биде исто.

Во својот говор, кој ѝ претходеше на инвазијата, Путин изрече дури повеќе лаги отколку што е вообичаено за него. Можеби најдобриот опис на овој говор даде поранешниот шведски премиер Карл Билд кој напиша:

„Ако го споредам со говорот во март 2014, кога Русија го анектира Крим, ова беше далеку повеќе бурно, раштркано и неповрзано. И поопасно. Сега тој го доведува во прашање самото постоење на Украина како нација. Тоа е човек со огромна моќ кој го изгубил контактот со реалноста.“

За Путин фактите никогаш не се важни. Тој се чувствува доволно моќен да изгради сосема поинаква реалност, онака како што тој ја замислува во својата глава. За него, фактите се неспоредливо послаби аргументи отколку неговите тенкови, ракети и бомби. Манипулација или негирање на фактите и пумпање на мускулите – на тоа се темели неговата стратегија во долгогодишната пропагандна и хибридна војна против Западот.

Сега е веќе сосема јасно, човекот кој го изгуби контактот со реалноста, а кој никогаш немал контакт со фактите – нема да се откаже од својот сон за враќање на „империјалниот сјај“ на Русија. Тој сака да ја прекрои историјата онака како што тој самиот ја разбира во бесмислениот есеј „За историското единство на Русите и Украинците“ (јули, 2021). По цена на уништување на човештвото. Како што рече и на Меѓународниот форум за политики во Сочи (октомври, 2018):

„Агресорот треба да знае дека одмаздата е неизбежна, дека ќе биде уништен, а ние би биле жртви на агресијата. Ќе одиме во рајот како маченици, а тие само ќе паднат мртви. Нема да имаат време ни да се покајат за ова.“

Се разбира, во имагинарниот свет на Путин сите се агресори, само тој се брани. Сите ќе умрат, а тој ќе оди во рајот. Веќе видено низ историјата, сега ја гледаме грдата реприза. Ако продолжи како што тргнал, ова веројатно ќе биде последна реприза за човештвото.

#StandWithUkraine

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ