• Latest

Путин – воен злосторник, горивото со најниски цени во регионот, Пендаровски со поддршка на заложбите на ЦИВИЛ за мултикултурализам

March 16, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Путин – воен злосторник, горивото со најниски цени во регионот, Пендаровски со поддршка на заложбите на ЦИВИЛ за мултикултурализам

March 16, 2022 16:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

НАСТАН НА ДЕНОТ

Претседателот Пендаровски со поддршка на заложбите на ЦИВИЛ за мултикултурно општество

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими преставници ЦИВИЛ, по повод почетокот на реализацијата на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“.

Претставниците на организацијата го информираа претседателот за активностите во рамки на проектот, што ќе бидат насочени кон промоција на мултикултурализмот, почитувањето на различностите и недискриминацијата во општеството како фундаментални човечки и европски вредности, а ќе се реализараат со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Пендаровски, истакнувајќи ја важноста на темите опфатени во проектот, изрази поддршка за активностите на организацијата и заложбите за мултикултурно општество.

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Американскиот Сенат усвои резолуција со која Путин се осудува како воен злосторник

Сенатот на САД во вторникот едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен  злосторник, пренесува Ројтерс.

„Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни, го охрабрува Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и другите земји да ја таргетираат руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина. “, се вели во резолуцијата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Имаме најефтина цена во регионот за нафта и нафтени деривати

„Во однос на цената на нафтата и нафтени деривати ние сме сведоци дека заради одлуките кои што ги донесовме во однос на скалестото намалувањето на акцизата и намалувањето на ДДВ во регионот ние имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати, било каде да отидете нема да најдете поефтина цена и тоа се должи на брзата и навремена одлука која што беше донесена, односно мерките и препораките донесени од страна на Владата и ефикасноста на Парламентот во донесувањето на законските решенија“, рече Ковачевски.

Ковачевски нагласи  дека дел од компаниите кои што работат на пазарот со нафта и нафтени деривати покажаа шпекулативно однесување, а тоа веднаш беше санкционирано од страна на соодветните инспекциски служби.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во Чернихив, во еден од градските студентски домови, руските војници пукале врз луѓето кои стоеле во редот за леб,  јави дописникот на Суспилне од местото на настанот. Според информацијата, гранатирањето се случило на 16 март околу 10 часот. Во гранатирањето загинале најмалку 10 цивили.

21 ден од војната. Окупаторите оштетија 117 болници. Седум од нив не се поправаат. Четириесет и три амбулантни возила беа нападнати. Министерството за здравство продолжува со својата работа заедно со лекарите и партнерите“, објави министерот за здравство на Украина Виктор Лиашко на Фејсбук. До утрото на 16 март, од почетокот на руската војна против Украина загинаа 103 деца.

Руските окупатори продолжуваат намерно да го уништуваат Харков. Непријателот фрла касетни бомби врз цивили во градот и предградијата, отвора артилериски оган од системите Град и Смерч, истрелува крстаречки ракети. Историскиот центар на Харков, цели станбени области, училишта, болници, градинки и инфраструктурни објекти се во урнатини“, објави полициската управа на регионот Харков

Руските окупатори се борат против објективното покривање на нивните воени злосторства во Украина, најмалку 35 новинари веќе се ранети, изјави комесарот за човекови права на Врховната Рада, Људмила Денисова, а пренесе Интерфакс Украина. Според неа, тројца новинари се веќе убиени.

Украина не доби одговор од Меѓународниот комитет на Црвениот крст за хуманитарните коридори за евакуација на цивили на 16 март.
Прашањето за поставување вакви коридори останува нерешено за Изиум и Мариупол, изјави на брифинг Ирина Верешчук, вицепремиер, министер за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Јавниот обвинителот во аферата „Меѓународен сојуз“, Трајче Пеливанов  побара од судот да ги прогласи за виновни првообвинетиот Бојан Јовановскии неговите соработници Јасна Ерцеговиќ, Христина Блажевска и Фросина Ременски.

ИЗБОРИ Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, изјави дека СДСМ ќе ја повлече кандидатурата за Маврово Ростуше откако ВМРО ДПМНЕ не собра храброст да излезе пред граѓаните на Маврово и Ростуше на повторените локални избори кои треба да се одржат на 17 април.

НАТО Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО Алијансата, соопштуваат од кабинетот на министерката.

ПРЕГОВОРИ Украина денеска ги отфрли предлозите на Русија за усвојување неутрален статус по примерот на Австрија и Шведска, велејќи дека разговорите со Москва за прекин на огнот треба да се фокусираат на „безбедносните гаранции“.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која 15 март го прогласи за Меѓународен ден против исламофобијата. Резолуцијата е усвоена на предлогот од Турција и од Пакистан до Генералното собрание на ОН во име на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ).

ПОМОШ ЗА УКРАИНА Министерот за надворешни работи Бујар Османи и Генералниот Секретар на Црвен Крст Саит Саити, денес, среда, 16 март 2022 година,  организираат хуманитарен настан за собирање помош за Украина, апелирајќи преку Стопанските комори до компаниите за хуман гест и донација на средства или нивни производи. Воедно Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст на Република Северна Македонија ќе потпишат Меморандум за соработка

АНТИ-КОВИД МЕРКИ Учениците од основните училишта се ослободуваат од носењето маски, но мерката останува за наставниците и техничкиот персонал, капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери, театри, кина се зголемува од 50 отсто на 75 проценти и се укинуваат сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти. Ова се трите мерки усвоени од Комисијата за заразни болести, кои таа ќе ги препорача на Главниот кризен штаб и на усвојување од Владата.

ВИСТИНОМЕР Граѓаните како најголем виновник за застојот во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија ги посочуваат опструкциите од соседните земји кои се членки на ЕУ, но има и такви кои сметаат дека државата не направила доволно во реформскиот процес. Ова доведува до пораст на поддршката за Евроазиска унија предводена од Русија, покажуваат двете истражувања изработени од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, спроведени во ноември минатата година, пишува „Вистиномер“.

ГРАЃАНСКИ АКТИВНОСТИ

Мултикултурното општество во фокусот на ЦИВИЛ, утре, 17 март, 14 часот

ЦИВИЛ продолжува со серијата  онлајн настани насловени „Во Фокусот“, овој пат на тема „Мултикултурализам: Основа за развој, стабилност и почитување на човековите права и слободи“. Настанот ќе се одржи утре, четврток, 17 март, со почеток  во 13: 30 часот.

На панелот ќе се отворат прашања за еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата и слично, како да се креира и да се задржи таа еднаква основа, врз која се гради стабилноста на едно општество во сите аспекти. Со еднаквата основа за развој се почитуваат и човековите права и слободи, и се негува мултикултурализмот  во нашето општество. Учесниците ќе имаат можност да дискутираат за сите овие прашања, онлајн или со физичко присуство, а настанот ќе биде емитуван во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ.

СЛОБОДНА ЗОНА

Уште малку и Путин ќе почне да истрела проектили кон Полска и балтичките држави. Најверојатно од територијата на „ЛДНР“ и Белорусија.Само за забава. Што ќе направи НАТО? Не знам. Сè уште никој не знае. Се надевам дека целиот свет ќе плати за смирувањето на Путин и, како резултат на тоа, за геноцидот на сите народи во Украина, Кога фараонот решил да ги мачи Евреите, повикал тројца советници.Јитро – беше категорично против, побегна и неговото име е засекогаш запишано во Тора. Билам негативецот – го поддржуваше фараонот, долго време живееше во богатство и чест и брзо умре од еврејскиот меч. Но имаше и трет – кој ништо не рече. Не одобри, но и не се спротивстави. И влезе во историјата на целото човештво како симбол на бескрајни и страшни маки. Неговото име е Јов. Вечно потсетување за сите оние кои сега молчат, пишува  Уриел Штерн/OBOZREVATEL во колумната „Потсетување до сите што сега молчат“

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ