• Latest

Учениците од основните училишта се ослободуваат од задолжителното носење маски

March 16, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Учениците од основните училишта се ослободуваат од задолжителното носење маски

March 16, 2022 14:25
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците од основните училишта се ослободуваат од носењето маски, но мерката останува за наставниците и техничкиот персонал, капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери, театри, кина се зголемува од 50 отсто на 75 проценти и се укинуваат сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти.

Ова се трите мерки усвоени од Комисијата за заразни болести, кои таа ќе ги препорача на Главниот кризен штаб и на усвојување од Владата.

– Денеска имавме редовна седница на Комисијата за заразни болести на којашто прво ја разгледавме епидемиолошката состојба од минатата недела и врз основа на бројките од минатата недела, но и на оние критериуми кои ги спомнавме во соопштение минатиот пат со коишто се обидуваме да ја објективизирање процената на епидемиолошкиот ризик донесовме три мерки во согласност со тој нов алгоритам на процена на ризикот, изјави претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

Тој посочи дека на учениците не им е забрането носењето маски во училиштата, доколку сметаат дека треба да ги носат.

– Право на избор е. Ако некој сака да носи маска, има дома возрасни членови на семејството и сака да ги заштити, не е забрането да носи маска, но задолжението, обврската ја укинуваме. Нема обврска за задолжително носење на маски во училиште, појасни Петличковски.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ рече дека засега начинот на изолација останува ист, а мерките ќе се олабавуваат или заоструваат во зависност од епидемиолошката состојба.

– Доколку увидиме влошување на епидемиолошката состојба или зголемување на епидемиолошкиот ризик, тогаш може повторно на сила да се вратат истите мерки. На ваков начин, постепено олабавувајќи ги мерките согласно епидемиолошкиот ризик, доколку успееме да ја контролираме на терен епидемиолошката состојба, сметаме дека можеме не се доведеме во ситуација како што се доведоа земјите како што се Австрија, Германија, Велика Британија и Данска каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати, истакна Мехмедовиќ.

Во однос на вакцинацијата, Петличковски рече дека, апсолутно ќе се посветат на нејзино рекламирање, како најдобар начин за справување со пандемијата.

– Ние не знаеме што ќе се случи по месец дена, не па по два или три месеци, а во ова меѓувреме вакцинацијата останува клучната алатка во борба против пандемијата. Имавме малку интензивирање, праќање пораки и тоа многу ќе го засилиме затоа што има резултат, има одговор на рекламирањето, на потсетувањето дека е добро да се вакцинираат прво тие со поголем ризик, но понатаму и оние кои примиле две дози, а поминале доста време од втората доза. Во моментот стандард за најдобра заштита е три дози на вакцина и тоа интензивно, интензивно ќе го објаснуваме, потенцира Петличковски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ