„Сега пропагандите се проектираат преку социјалните мрежи и таа завеса на социјалните мрежи е далеку поштетна од онаа што ја имавме во Советскиот сојуз. Луѓето се идентификуваат со кампови на информации кои слушаат и го примаат она што им одговара. Многу е тешко да се дојде до вистината“, вели аналитичарот Иво Раѓеновиќ за ЦИВИЛ Медиа.
„Најпаметно е самите да оформиме мислење, да се повикаме на нашиот сопствен капацитет што би било точно, што би било релевантен извор.
Пропагандата и понатаму е најсилно оружје кое се врши преку медиумите, тоа го прави и Западот и Русија. Но, не може да демантираме дека војна не постои, дека нема жртви, тоа се налудничави констатации. Кај нас има поширок дијапазон на луѓе што не веруваат дека војната постои во Украина.
Што по неедуцирани и примитивно е општеството, толку е по подложно на лаги и пропаганда“, нагласи Раѓеновиќ.
Д. Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети