Рајан Рут е прогласен за виновен за обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп на голф терен во Флорида во септември минатата година, пренесува Би-би-си.
Поротата го прогласи 59-годишниот Рут за виновен по сите обвиненија, вклучувајќи го и обидот за атентат врз еден од главните претседателски кандидати и низа прекршоци поврзани со огнено оружје.
Инцидентот се случил на 15 септември 2024 година, додека Трамп, тогашен претседателски кандидат, играл голф на терен што го поседува во Вест Палм Бич, на околу 15 минути од неговата резиденција во Мар-а-Лаго.
Агент на американската тајна служба забележал цевка од пушка како излегува од грмушките и пукал во човекот што ја држел – подоцна идентификуван како Рут – кој потоа избегал од местото на настанот. Тој беше уапсен во близина.
Според американскиот партнер на Би-Би-Си, Си-Би-Ес њуз, откако била прочитана пресудата, Рут се обидел да се прободе со пенкало пред да интервенираат американските маршали.
Во објава на социјалните мрежи веднаш по пресудата, Трамп им се заблагодарил на органите за спроведување на законот и на сведокот кој дал информации што доведоа до апсењето на Рут.
„Ова беше злобен човек со злобна намера и го фатија. Многу голем момент за ПРАВДАТА ВО АМЕРИКА!“, реѓе Трамп за Рут.
Д. Мишев