• Latest

Реакција: „На македонскиот народ му е јасна како бел ден и големата слика“!

December 15, 2016
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакција: „На македонскиот народ му е јасна како бел ден и големата слика“!

December 15, 2016 18:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Да, јас сум Томе Јаневски, мојот лик е реален. На мојот статус јас го искажав мојот личен став како Македонец. Јас имам право на мој личен став и право на грижа за мојата Татковина и за македонскиот народ“, напиша во својата реакција потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Томе Јаневски, откако ЦИВИЛ Медиа вчера го објави неговиот став изнесен на Фејсбук профилот, дека „трпението на народот завршило“ и дека тргнуваат да ја одбранат изборната победа.

Откако вчера напиша дека,„нема повеќе трпение – трпението помина. Се поминаа сите граници. Нема да дозволиме со кражба да се менува вољата на народот. Спремни сме. Идеме“, Јаневски денес го дообјаснува својот став и тврди дека не повикувал на одење во Скопје, пред објектот на ДИК.

15494163_10211619897155716_491419302_n

„Мојата реакција е јасна: Сметам дека иако измама и со поткуп 80.000 гласови од граѓаните од албанската заедница и 20.000 гласови во останатиот дел од електоратот, не успеаја да победат, сега СДС се обидуваат со уште една измама и кражба да ја променат вољата на граѓаните на Република Македонија и дека нема веќа трпение – трпението помина,.. Народот ќе дојде по своето (ако не денес, утре, после некој ден). Тоа е тоа. И така ќе биде. Крај на трпението. На Македонскиот народ во овие моменти му е јасна како бел ден и големата слика“.

Јаневски му одговори и на граѓанскиот новинар кој сакаше да остане анонимен, и вчера известуваше за ЦИВИЛ Медиа од Велес, дека стотина симпатизери и членови се собираат пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека без негова дозвола новинарот објавил негов личен став:
„Граѓанскот новинар нема име и презиме!!! Во мојот личен став замешува политика и професија. Манипулира дека повикувам на одење пред ДИК. Лаже дека во Велес имало 100 симпатизери и граѓани. Во Велес имаше собрани 500 реални симпатизери и граѓани со име и презиме… Порака до безимениот фантом – граѓански новинар: Утре ќе бидеме 800, после 1.000 и така натаму… Тоа е народ, Македонски народ кој си ја сака Мајка Македонија. Со векови се борел за неа, и денес ќе одбрани од поединци или групи кои за лични интереси ги распродаваат државните интереси“.

Инаку, Јаневски на Фејсбук порачува и дека чека „граѓанскиот новинар да објави по порталиве барем една од патриотскиве песни на Јонче Христовски што ги постирав. Ало, кај си што те нема?“

Tags: волја на граѓанитеграѓански новинарДИКОК ВМРО-ДПМНЕ Велесреакција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ