• Latest

Реакција: Чилиманов ги навреди Бошњаците!

October 19, 2016

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Реакција: Чилиманов ги навреди Бошњаците!

October 19, 2016 16:51
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Очекуваме од членовите на ад хок телото за медиуми, да имаат познавање за говорот на омраза. И тогаш, кога ние, како гледачи или жртви на говорот на омраза, не би го препознале и не би реагирале, тие треба да реагираат. Наместо тоа, Цветин Чилиманов, еден од членовите во ова тело, користи говор на омраза и ги навредуваа Бошњаците, нарекувајќи ги бегалци“, вели Мерсиха Смаиловиќ во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

14741092_10211090729682123_370300144_n

Смаиловиќ е една од потписничките на реакцијата која денеска беше испратена до ВМРО – ДПМНЕ, до Советот за етика во медиумите, до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и до ТВ 24 Вести.

„Ова однесување на Чилиманов го доведува во прашање и работењето на ад хок телото, затоа што се сомневаме дека ќе функционира, кога луѓе како него се дел од телото. Затоа, реакцијата ја испративме и до ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој е нивен кандидат. Ако има некои механизми да го повлечат, затоа што сепак, има новинари кои не користат говор на омраза“, вели Смаиловиќ.

Untitled

„Испадот на Чилиманов“, како што се вели во реакцијата, се случил во емисијата “24 анализа”, која се емитуваше на 24 Вести. Обраќајќи му се на соговорникот Сафет Бишевац, во емисијата Чилиманов изјавил: „ Сафет, ти си бегалец, од некоја земја дојден тука, си добил државјанство“.

„ Ние, како Бошњаци во Република Македонија, остро го осудуваме овој говор на омраза, со кој гостинот се обидува да го навреди Бишевац, како и народот на кој му припаѓа, нарекувајќи го ‘бегалец’, а со тоа и останатите Бошњаци во државата, кои сме дошле од некаде“, стои во реакцијата.

„Сакаме да укажеме и на штетната улога на медиумите во креирањето на атмосфера на етнички тензии во општеството, преку сé почесто отстапување простор на разни националистички, шовинистички, па и фашистички ставови. Ги повикуваме медиумите да внимаваат, а и кога ќе им се случи пропуст, јасно и гласно да се оградуваат од таквите испади. Јавно ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ, чиј предлог е Цветин Чилиманов во ад хок телото за медиуми, да се произнесе дали ги споделува ставовите за Бошњаците на Чилиманов. Доколку не, исто така јасно и гласно, да се оградат од овој негов испад“, се вели во реакцијата во која се бара јавно извинување од Чилиманов.

Потписници на реакцијата се: Елза Бачевац, Елдиса Тртовац, Џелал Хоџиќ, Рахман Календер, Асмир Алиспајиќ,  Емина Реброња, Сенад Смаиловиќ и Адмир Фазлагиќ, и граѓанските организации „Еду Ниса“, „Шадрван Македонија“ и „Глас Оризара“.

Марија Теговска

Tags: ад хок телоБошњациговор на омразаМакедонијаМедиумиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ