Албанскиот премиер Еди Рама, кој на изборите на 25 април обезбеди трет мандат, денеска најави дека следната недела ќе го објави составот на новата влада.
Во својот завршен говор за вториот владин мандат, Рама изјави дека новата влада која ќе биде објавена следната недела бара добра владејачка формација, добар координатор на парламентарната група, како и долга „резервна клупа за да се создадат можности партијата да се енергизира, и да ја продолжи целата работа, да не дозволи ниту еден ден да помине залудно. Имаме шампионски тим, каде има многу избори за секоја улога.
Тој не остави без да ја спомене иницијативата за „Отворен Балкан“, велејќи дека воопшто не го загрижуваат контроверзи и обвинувања.
Меѓународната репутација, почитта кон нашите сојузници, вклучувањето на дијаспората како никогаш досега во однос на владата, самата слика за нашата земја, немаат никаква споредба со 2013 година. Тие денес се многу повисоки отколку во 2017 година. Го заокружувам својот мандат со реализација на сите услови за интеграција и со отворање на ново поглавје, како иницијатор на „Отворен Балкан“. Контроверзноста околу „Отворен Балкан“ и ужасните обвинувања против владата и мене воопшто не ми пречат и воопшто не треба да ни пречат во третиот мандат. Има многу чад и оган, но новата влада ќе оди напред и во оваа насока, без да пропушти ниту еден ден. Уверен сум дека со владата на Косово ќе направиме многу добра работа, и покрај несогласувањето околу „Отворен Балкан“, изјави Рама.
Тој уште додаде дека „Отворен Балкан“ го поддржува германската влада „спротивно на она што им се кажува на луѓето во Приштина и Тирана“.











