• Latest

Рамчиловиќ: ВМРО-ДПМНЕ намерно ги кочи изборите за да имаме нефункционално Собрание и институции

June 2, 2020
Вучиќ-Путин (фото извор: Газета Експрес)

Крајот на руско-српското пријателство: Вучиќ се заигра со „седењето на две столчиња“

June 7, 2025
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Рамчиловиќ: ВМРО-ДПМНЕ намерно ги кочи изборите за да имаме нефункционално Собрание и институции

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја користи оваа криза, бидејќи знае дека со вакви услови и со вакви институции не може да се менаџира квалитетно, (може да истакнам дека дури и многу квалитетно се менаџира со оглед дека имаме Техничка влада и дека немаме Парламент), и на тој начин граѓаните за секој проблем ќе бараат одговорност кај носителот на власта, односно кај СДСМ. На тој начин со изминување на денови или месеци и нефункционирање на институциите како што треба и справување не само со здравствените туку и со економските последици коишто ќе произлезат од оваа криза, настојува да добие некој политички поен, евентуално глас плус, и повторно на штета на граѓаните и на државата, за жал.

June 2, 2020 15:51
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА направи интервју со Зеќир Рамчиловиќ, потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, актуелен пратеник и кандидат за пратеник на СДСМ за престојните предвремени парламентарни избори. Тој на јавноста ѝ стана познат како еден од осумте независни пратеници кои излегоа од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и гласаа за Ратификација на Преспанскиот договор. Рамчиловиќ зборува за потребата од брзи избори поради нефункцонирањето на Собранието, на институциите, кочењето на преговорите за членство во ЕУ, за лажните вести и дезинформации…

ЦИВИЛ МЕДИА: Во изминатиот период независните пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Иако веќе излеговте од таа група, сепак што мислите за таа иницијатива?

Рамчиловиќ: Што се однесува до Независната пратеничката група која произлезе од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а не од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имаше пратеници од различни политички провиненции, ние како пратеници се одлучивме да не го прифатиме ставот на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на промените на Уставот, а не Преспанскиот договор и во тој аспект во дадената ситуација го направивме најдоброто за државата и тоа се виде во изминатиот период, со членството во НАТО и веќе донесената одлука за започнување на преговори со ЕУ. Ние како пратеници постапивме одговорно, и тоа треба секој пратеник да го прави кога се работи за вакви крупни прашања, а не по секоја цена заради дневно политички и партиски интереси да ги остави државните интереси на страна.

Во моментов, иако не е во функција, Собранието, Независната пратеничка група функционира, но без мене, бидејќи излегов од пратеничката група како независен пратеник, но целосно ги поддржувам нивните ставови затоа што имаат континуитет и основа денес што го повикуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но, пред сè, Христијан Мицкоски да даде оставка затоа што во клучни моменти за државата, а и денес кога имаме ваква ситуација, односно здравствена криза поради Ковид-19, мора да се каже доколку некој го става сопствениот интерес или интересот на партијата пред интересот на граѓаните и на државата не заслужува ниту доверба. Тој не заслужува ниту евентуално да дојде во ситуација да ја води државата со оглед на сите калкулации што ги правеше во изминатиот период.

ЦИВИЛ МЕДИА: Пред извесен период група пратеници поднесоа иницијатива до претседателот Талат Џафери да го свика Собраието, но тоа не се случи. Како државата ќе се соочи со оваа здравствено – политичка криза кога во моментов имаме нефункционално Собрание? 

Сè се врзува околу функционалноста на институциите, затоа ние триесетина пратеници покренавме иницијатива да се свика Собранието, но тоа не се случи. Во јавноста чувствувам дека се промовира една погрешна теза, а тоа е како да се дојде до тие функционални институции и функционална држава, односно кај граѓаните се претставува дека СДСМ е за избори по секоја цена. Она за што се залагаме јас, СДСМ и сите коалициони партнери во коалицијата „Можеме“ е дека не сме за избори по секоја цена, туку сме за функционална држава, функционални институции бидејќи само така можеме да ја надминеме кризата со помалку последици. Ваква каква што е реална ситуацијата е дека институциите не функционираат соодветно.

Имаше два начини за функционални институции, или да се врати Парламентот во функција, бидејќи според Уставот и законите е сосема исправно и возможно и немаше тоа да е првпат во државата, и вториот начин се избори. Функционалнални институции пред сè за да не може никој да се затскрие зад дневно-политички изјави и шпекулации и врз основа на тоа да билда политички поени и слично. ВМРО-ДПМНЕ ниту во една ниту во друга ситуација не постапи државнички и одговорно, односно ниту сакаше да се врати парламентарниот состав, иако имам комуникација со најголемиот дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаа дека тоа е најисправна одлука и беа за враќање на Собранието во функција, и од друга страна не се ни за избори. Од тука се гледа дека во клучни моменти тие се неодговорни.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја користи оваа криза, бидејќи знае дека со вакви услови и со вакви институции не може да се менаџира квалитетно, (може да истакнам дека дури и многу квалитетно се менаџира со оглед дека имаме Техничка влада и дека немаме Парламент), и на тој начин граѓаните за секој проблем ќе бараат одговорност кај носителот на власта, односно кај СДСМ. На тој начин со изминување на денови или месеци и нефункционирање на институциите како што треба и справување не само со здравствените туку и со економските последици коишто ќе произлезат од оваа криза, настојува да добие некој политички поен, евентуално глас плус, и повторно на штета на граѓаните и на државата, за жал.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ќе се одвиваат преговорите за членството во ЕУ, кога поради одложување на изборите имаме нефункционално Собрание?

Оваа криза ги стави во втор план сите успеси на државата, ние добивме одлука за почнување на преговори за ЕУ, меѓутоа поради кризата малку и тоа се пролонгира, но како и да е кон средината на месецот би требало да ја добиеме преговарачката рамка. Од први јули треба Германија да го преземе од Хрватска раководењето со Европска унија, а како Хрватска така и Германија е силен подржувач на нашата држава. Кога ние ќе ја добиеме таа преговарачка рамка и треба да почнеме преговори, без функционален Парламент тоа ќе биде не само тешко туку и неизводливо и околу усогласување на законите на одредени реформски процеси, дали во поглед на администрацијата, правосудството… секоја област да ја земете во предвид, и без функционален Парламент тоа не може и ниту една држава тоа не го правела. Затоа мораме да направиме напори сите, секако почитувајќи ги мерките и препораките сето она што го препорачуваат здравствените институции и доколку тие сметаат да одржиме избори за да се вратиме на тоа да имаме функционално Собрание кое ќе биде дел од преговарачкиот процес и којшто ќе биде најсилната подршка на преговарачките тимови по одредени области.

Зеќир Рамчиловиќ, потпретседател на Собрание и кандидат за пратеник на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ на престојните предвремени парламентарни избори / Фото: Б. Јордановска

Рамчиловиќ додава дека државата се снајде добро со оваа здравствена криза, иако можеби уште подобро и побрзо ќе се надминеше кризата доколку граѓаните повеќе ги почитуваа мерките и препораките. Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи под раководство на Наќе Чулев, потфрли, за како што вели „намерно или ненамерно се дозволи да се продлабочи и продолжи кризата за партиски интереси“.

Рамчиловиќ додава дека лажните вести се голем проблем за нашето општество и дека по изборите треба поголема едукација на граѓаните за да може да препознаат лажни вести и дезинформации. Тој вели дека во овој период има низа на лажни вести поврзани со пандемијата, додека во изминатиов период имаше многу дезинформации за Преспанскиот договор, дека наводно ќе се избрише македонскиот јазик и идентитет и низа други лаги. Но, во последните години оваа власт на некој начин успеа да ги разобличи лажните вести, а на граѓаните да им сервира вистински информации кои се битни за нив и за државата.

Дехран Муратов
Камера, фотографија и монтажа: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ