• Latest

Рашковски купил софтвер за МВР што не се користи, Заев вели дека софтверот ќе се користи во иднина, Рашковски тврди дека не патентирал никаков софтвер, ДКСК отвори предмет

March 10, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Рашковски купил софтвер за МВР што не се користи, Заев вели дека софтверот ќе се користи во иднина, Рашковски тврди дека не патентирал никаков софтвер, ДКСК отвори предмет

March 10, 2021 14:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски минатата година набавил софтвер за сообраќајни прекршоци за 81 илјади евра, меѓутоа Министерството за внатрешни работи се уште не го користи. Иако софтверот веќе е купен, од МВР се оградија од мешање на надворешни лица и органи при набавка на опрема, па така, софтверот нема да може да биде дел од системот „Безбеден град“ преку кој полицијата ќе може да изрекува казни преку видео надзор.

Премиерот Зоран Заев во врска со набавката на софтверот вели дека има писмена комуникација помеѓу Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за внатрешни работи.

„Има причинско-правни последици зошто е тоа така направено. Со документи ќе покажеме зошто е набавен софтверот кој може да се употребува во МВР. Се работи за објект кој снима 360 степени, набавен врз основа на претходни длабински анализи. Ова е направено со причина. Не ни текнало така нас седејќи во Владата, ај ќе правиме софтвер. Ако не го користат сега, може во иднина ќе го употребат“, изјави Заев.

Поранешниот генсек Драги Рашковски на Фејсбук објавил дека не патентирал никаков софтвер, бидејќи во С. Македонија, според него, не е можно да патентираш софтвер, туку само идеја – постапка.

„Категорично демантирам и отфрлам каква било поврзаност или корелација меѓу моите патентирани идеи со набавките кои Генералниот секретаријат на Владата ги има реализирано во времето кога јас бев Генерален секретар.

За да биде уште појасна огромната разлика меѓу идеја и софтвер (производ), ја информрам јавноста дека уште во 2013 година имам патентирано идеја и за гласање со отпечаток од прст. И ја користам оваа прилика од напред да отфрлам каква било поврзаност на мојата патентирана идеја со било каков евентуален софтвер кој државата евентуално би го набавила после евентуален политички договор за употреба на таков софтвер за изборни процеси. Имам патентирани идеи и за попис од 2013 година, за поврат на ДДВ од 2016 година.

Не е во ред да бидам напаѓан затоа што сум имал идеи и истите сум ги патентирал, а денес се достапни како јавни добра и за нашата земја и за светот“, вели Рашковски.

Антикорупциската комисија отвори предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

„По изнесените информации во медиумите, денеска на нашиот колегиум отворивме предмет сметајќи дека има доволно елементи за истражување на причините за набавката на тој софтвер, од една страна и од друга страна причината зошто тој се уште не е во употреба. И, она што беше ризично од наш аспект, несоодветната комуникација меѓу институциите и отсуството на системски пристап за утврдување на потребите. Тоа беа основните елементи по кои ние постапивме и по сопствена иницијатива, а по допрен глас од медиумите отворивме предмет, објасни Ивановска, одговарајќи на новинарско прашања по заедничкиот увид во новите простории со вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Рашковски набавил софтвер за кој и самиот е иноватор.

„Фактите се јасни, Драги Рашковски, од позиција на генерален секретар на Владата на Зоран Заев, наместо МВР, набавил софтвер за систем за кој што и самиот е иноватор со патентирано решение од 2018-тата година. Избраното и платено решение од Рашковски не се користи, самиот укажува на непроверена компатибилност пред набавката. Драги Рашковски и самиот е иноватор на софтвер и на хардвер за исти цели за што и ја направил набавката како генерален секртетар на Владата на Зоран Заев, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Вицепремиерот Љупчо Николовски, пак, најави дека Владата ќе ги соопшти сите детали, факти и аргументи за случајот.

„Премиерот даде одговор. Нема после премиерот да коментирам. Дадена е насока од премиерот да се истражи, сите информации и детали денеска од Владата и Генералниот секретаријат ќе бидат соопштени. Медиумите транспарентно ќе ги добијат сите информации, изјави Николовски.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ