• Latest

Рајски документи за тајното богатство на светската елита

November 6, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Рајски документи за тајното богатство на светската елита

November 6, 2017 11:21
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) денеска објави 13,4 милиони документи за финансиите на околу 120 политичари од различни држави. Документите се објавени под името Рајски документи.

 

 

Во април 2016 година ИЦИЈ со седиште во Вашингтон, објави 11,5 милиони документи со податоци за оф-шор сметки на актуелни и поранешни политичари, бизнисмени, спортисти и други јавни личности. Така наречените Панамски документи протекоа од панамската компанија „Мосак Фонсека“, која пружаше правна помош при регистрација на компании во оф-шор зони.

 

Во центарот на скандалот со протекување на податоците е „Еплби“ (Appleby), правна фирма со филијали на Бермудски, Кајмански И Британски Девствени Острови, како и на островите Мен, Џерси и Гернзи. „Еплби“ е водечка фирма во оф-шор работењето.

Фирмата тврди дека се занимава исклучиво со легални активности и оти пружа услуги на клиенти во рамките на меѓународното право.

Рајски документи откриваат дека милиони фунти од приватните средства на британската кралица Елизабета се инвестирани во фонд на Кајмански Острови, а еден дел од парите се слеале во компанија која е обвинета дека ги искористува сиромашните семејства и загрозените лица.

 

Документите откриваат и за поврзаноста на соработниците на американскиот претседател Доналд Трамп со Русите, тајните зделки на соработниците на канадскиот премиер Џастин Трудо и уште 120 политичари и моќници.

Од Рајски документи може да се дознае како компаниите Твитер и Фејсбук примале стотици милиони долари инвестиции, чија трага води до руски државни финансиски институции.

 

Во Рајските документи се спомнуваат и големи бендови и музички ѕвезди како Мадона и Боно Вокс, потоа  мултинационални компании, како Епл, Најк и Убер, како и врските меѓу политиката, приватните бизниси и коорпоративните гиганти и нивните напори за избегнување за плаќање на данок.

Документите содржат информации и за тоа како најзвучните имиња во филмската и телевизиската индустрија го штителе своето богатство во низа оф-шор шеми. Комплексни оф-шор мрежи користеле и двајца руски милијардери за да купат акции во фудбалските клубови Арсенал и Евертон.

Познатиот економист Габријел Закеман, во неделите што претсојат  ќе објави студија во која наведува дека мултинационалните компании бележат се поголем удел во оф-шор профитите, дури 600 милијарди евра само минатата година.

– Даночните раеви се еден од клучните мотори на пораст на глобалната нееднаквост. Како што расте нееднаквоста, оф-шор затајувањето на данок станува елитен спорт, посочи Закман.

 

На интернет-страницата на ИЦИЈ се наведуваат клучни откритија на Рајските документи:

– оф-шор активности на 120 политичари и светки лидери, меѓу кои и британската кралица и 13 блиски соработници и донатори на претседателот на САД;

– затајување на данок од над сто мултинационални компании меѓу кои Најк, Епл и производителот на ботокс -Алерган;

– се открива купувањето на корпорациите во Африка и во Азија преку Маурицијус и Сингапур со даночни олеснувања;

– детали за тоа како сопствениците на авиони и јахти, меѓу кои и припадници на светското племство и спортски ѕвезди го користат островот Ман за да избегнат данок на луксуз и движен имот;

– тајното работење и скриени компании поврзани со корпорацијата Гленкор.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Богата ЕлитаМонархииполитичариСветТајни сметки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ