• Latest
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

July 30, 2026

ЦИВИЛ бара деполитизација на кризата со водата и обединување во заштитата на здравјето

July 30, 2026

Водата меѓу политиката и кризата – неопходна сеопфатна заштита на здравјето и квалитетот на водата

July 30, 2026
Илустрација ВИ

Во сенка на дневната политика, Изборниот законик остана отворено прашање

July 30, 2026

Прашањето на денот на ЦИВИЛ за изјавата на Мицкоски за економскиот раст останува исто и денеска – над 54.000 прегледи и повеќе од 5.000 ангажмани за 23 часа

July 30, 2026
Днипропетровск, Украина, 30 јули 2026 (фото извор: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Агресорот ја нападна Украина со 70 ракети и 280 дронови – загинати цивили меѓу кои и три деца

July 30, 2026

Зеленски во Вашингтон: Одбранбена автономија, нови санкции и разбивање на руските хибридни операции

July 29, 2026

Оленивка: Масакрот врз украинските заробеници, руските лаги и четири години борба за правда

July 28, 2026

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

Епидемијата во Гостивар е само последен пример што се случува во оваа земја за две години владеење на актуелната коалиција – почнуваме од пожарот во Кочани, преку долго неоткриените монструозни злостори во кумановско, самоубиството на младата мајка сои ќеркичката во рацете како дел од неможноста да се заштитат два животи ... И завршуваме, за денес, со кражбата за Гинис на дел од железничката инфраструктура во Драчево

July 30, 2026 12:45
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

Кога првата вечер после катастрофата во кочанската дискотека „Пулс“ пред опожарената зграда на масовната смрт тогашниот републички јавен обвинител Коцевски одржа своевидна прес конференција со дојдените домашни и странски новинари, му беше поставено прашањето – кој е виновен за таквата невидена во поновата историја смрт на многу млади луѓе. Тој едноставно, без премислување рече: имаме пад на целиот систем.  Тоа е несомнено најјасниот одговор за настанот од март минатата година со 63 починати лица и над 200 тешко повредени, некои и трајно инвалидизирани лица!

МОЗАИКОТ НА ВИНАТА ТЕШКО СЕ КОМПЛЕТИРА

Навистина потврдата на оваа констатација стигнуваше по сегменти и како дел од недовршена мозаична композиција на вистината, која и сега, кога судењето за одговорните лица започна  и не може да се стави точка, барем во однос на бројот на обвинетите лица, што се зголемува! Кај нас во тие тревожни ситуации со сите можни инструменти, легални и илегални, се настојува да се предизвика разводнување и да не се согледа јасна слика, често и за оние кои се по функција најодговорни. Во конкретниот случај новите обвинети ќе ја одолговлечат судската постапка, без оглед на тоа што никој не смее да побегне од одговорноста. Но тие секако ја разоткриваат и опачината на системот кој постојано има нешто да сокрива, да одбегнува одговорност ако веќе не може целосно, тогаш барем во некој персонален смисол.

По она што се откри во Гостивар во врска со користењето на загадена вода од страна на населението оваа дефиниција на поранешниот обвинител одново се покажува како витална. Нам проблемите на безбедносна загроза од најстрашен вид само ни се репринт на падот на системот кој никако не смее да постои, ако се сметаме за демократска и одговорна држава. Напротив масовното загрозување на населението со користење на вода полна со фекалии не само што не спречила таков настан да се јави, туку и сега сме сведоци на – често и доста несмасно – ишкање на вината од сите што евентуално мора да се најдат пред рефлекторите на јавното мислење.

Дури, како оние фигури кои паѓаат покосени во доминото се отвораат очите за слични појави на многу други места и не се знае дали таа инерција ќе има крај – се откри случајот со скандалозното користење загадена вода во медицинска установа во Лешок, подолго време, во континуитет што не е спречуван и не се информирало за тоа, потоа замириса и водата во Крушево, кое е поврзано во заеднички систем на снабдување со најдрагоцената течност која ги покрива и Кичево и Прилеп!

Каде тука има закажување?

Во Крушево велат дека има застој на системот на детоксикација на водата (хлорирање), снемало струја. СДСМ, веројатно со докази, посоува на то каква вода пијат велешани а имаше и доста спорење со присуството на арсен во водата во Валандово! Има ли крај или да се пријде до комплетно анализирање на водата што населението ја користи секој ден и која го допира интересот на секој граѓанин на оваа земја.

СКОПЈЕ СИ ГО ИМА ЛЕПЕНЕЦ

Некој ќе рече – скопјани имаат вода со безбеден квалитет ама се заборава дека системот Рашче е близу до преопасен загадувач на подземните води (отпадот од ХЕЦ Јегуновце). И се заборава на рени бунарите од кои се дополнува водоснабдувањето во главниот град, а кои, колку што знам, се токму во подрачјето на десниот  брег на Лепенец! А Лепенец деновиве наеднаш доби таква пена како да е дел од масовно мачкање со некаков шампон некаде во сливот или користење на слично средство за одмивање на нечии садови за индустриско производство, за рибарите да откријат дека бадијала постојано укажуваат на зачестеноста на ваквото загадување на реката која се влева во Вардар. Потоа и тој добива „украсна круна“… Не е прв пат на вакви инциденти на овој потег ама никој не се сеќава дека следувала казна за било кого! Ајде да се потсетиме ако ја имало?

Тие своевидни чувари на оваа река по природата на нивното хоби, која е меѓународна, колку и чудно да звучи ама не со толку долг водотек за компликувана истрага, се само сведоци на тоа дека систем на одржување на здрава средина не постои. И покрај наводното користење на дронови немаме ниту мал сегмент за доказите за загадувачот, што би биле барем макар ситно покритие дека макар еден дел од системот се’ уште функционира. Оние кои го следат овој проблем веднаш укажаа дека системот, напротив, веднаш реагира во одбрана на некој моќник или на симбиоза на капиталот и политиката. И дека нема да има именување на виновникот за такво енормно загадување на два водотеци, од кои еден поминува низ целиот главен град!

ИЛИ НЕМА ВИНОВНИК ИЛИ ПРОЦЕСОТ НА ОСУДА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА

Дали почнуваме од крајот или почетокот на клопчето. И практично го нема одговорот – зошто би имало превенција, како дел од системот на заштита во едно општество кој е претходницата на одбраната од било каква загроза, ако однапред се знае дека нема да има правда. Или нема да има именување на загадувачот со играње на време за да се заборави на инцидентот, Или ако го има срамежливото покажување со прст, ќе се користат сите средства процесот на доаѓање на суд некаде да успори…

Се гледа ли крајот? Секако не, ако потфрли системот на следење на состојбите тешко е да се замисли ефикасноста во форма на пресија на правниот систем врз екоцидите. Па ќе нема ниту „ронка“ можност за да се спомене некаква ефикасност а што тоа значи ако се стави знак на равенство со постоење на правна, море и цивилизирана земја?

Функцијата на оваа власт секако се состои во овозможување на спокојно егзистирање на беспоштедниот капитал кој функционира и со отстранување на било какви „пречки“ за профитирање од некоја дејност. Ова е од корист на партократијата, која не мора да се мачи околу квалитетот на кадрите што ги поставува на значајни и одговорни функции. И на партиските шефови им е многу лесно на одговорни функции да стават лица без профил или професионална соодветност.

Погледнете ги новоназначените функционери на централната власт – тренер го држи најмоќниот фонд, лекар без ден искуство „го чува“ здравјето на нацијата. Колку за локалната власт и да не се прави муабет. Ние не знаеме сѐ уште каков е професионалниот профил на уапсените функционери во Гостивар кога се работи за загадената вода.

Кутри гостиварчани! Кога на почетокот на транзицијата разговарав со еден од големите македонски директори и му ја кажав мојата прогноза за квалитетот на воздухот во овој град заради загаденоста која ја носи една фабрика за производство на градежни материјали, со стравување дека лошиот одраз врз здравјето на жителите на овој град ќе биде посебно силен со влезот на странски капитал (конкретно турски, во тој момент) во таа фабрика, тој ми рече дека ние „ако сакаме да имаме развој, не треба да мислиме на екологијата“!

ОДНАПРЕД ПРЕДВИДЛИВИ ТРАГЕДИИ

Животот на граѓаните не е загрозен само од индустријата (иако во случајот со загадувањето на Лепенец, каде имаме многу затворени усти, очевидно, одговорот не е дефинитивен) туку и во другите сфери, како и во т.н. индустрија на забавата каде се јави и оној страшен настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Кој се тука не профитирал и кој се не орган е вмешан во незаконитото работење на овој објект! Профитот кој не бил со „обележани пари“ дури носел и ривалитет меѓу слични профили на „играчи“ – таканаречени обезбедувачи и параполицијата, оние во униформа ама со лепливи прсти. Можело ли сето ова да ја спречи катастрофата во оваа дискотека. Секако не – таа функционирала за да удоволи на многу структури а тоа води кон… комплетен пад на системот, како што многу точно објасни веднаш по несреќата републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Тој веќе беше во немилост на новата  власт на ВМРО ДПМНЕ, која без срам рече дека добро ќе внимава како тој ќе го води процесот. Бесрамно, како што и му доликува „по функцијата“, министерот за внатрешни, кој прв стигна во Кочани изјави дека „за настанот се виновни сите влади до сега“. Какво ширење на вината, максимално на 35 години наназад, а можеби мислел и на цели 80! Тоа е очевидно манир во сите други ситуации. Министерот за внатрешни гледам дека и при масовното загрозување на здравјето на гостиварчани е „добриот доктор“ а оној „лошиот“ во овој случај новопоставениот министер за здравје требаше вниманието да го насочи кон отфикарување на авторитетот на оние кои по звањето и искуството се најбитни во овој случај – тие ловеле лајкови на социјалните мрежи. Затоа на нивно место ќе дојдат недоветностите на оние кои имаат привилегија да земаат плата од политиката.

ФУНКЦИОНЕРИ – УНИВЕРЗАЛНИ НЕЗНАЈКОВЦИ

Некогаш Марк Твен рекол дека новинарите се „универзални незнајковци“ ама тогаш професионалната политика не била во таков подем и моќ, а пресот барем навистина имал авторитет. Денес таа власт има неограничени квалитети – нашиот премиер знае дека утре водата ќе биде технички исправна?! Од каде е тој толку видовит? Па затоа ли во понеделникот тоа пророштво мораше да се потврди ама без да се покаже валидна анализа! Или ќе рече дека утре бензините ќе поевтинат иако тоа треба да го стори ден потоа наводно неутрално и надлежно регулаторно тело?! Кое тоа беше во време на претходниот раководител Бислимовски.

А можеби премиерот знае (по функција би требало) дали со ребалансот на буџетот ќе се исплатат повеќегодишните долгови кон земјоделските производители? Е тоа не се кажува. Неговата видовитост некогаш е сијалица која се расипува – кликнувате, барате одговор ама него го нема!

КРАЖБА НА ВЕКОТ ВО ЗЕМЈАВА

Ќе го нема одговорот, секако, во попрецизна форма и кај најновиот скандал – кражбата на векот која се случи во Македонски железници. Знаете веќе дека од просториите на МЖ во Драчево за време на обемни работи околу стартот на т.н. локална железница, ограбен е центарот битен за функционирање на возовите на главната магистрала. Меѓу другото, подигнати се две трафостаници со тежина од по 30 тони и бутурисани на  лице место, извршен е грабеж на бакарните кабли и многу други работи за што е потребно многу време.

А тоа значи организација која ќе функционира со покритие, заштитена и од киловатите и од надзорот (оној што би ги спречил и денунцирал) а секако се знае и оној кој ќе плати за донесените кабли вредни пет милиони евра. Тие пари се мака за сите – и за шефовите и за чуварите а секако и за оние кои таа стока, набавена на криминален начин ќе треба „да ја исперат“.

Во јавноста и во една тв дебата се потсетивме на една стара анегдота за крадецот кого го фатиле токму со многу украден бакарен кабел. Кога полицијата го прашала од каде му е, рекол дека му го донел синот. На дополнително прашање како може мало дете да подигне таков товар, прашаниот само констатирал – „од каде знае мало дете што се 300 кила“.

Ова е најдобра илустрација за системот кој се распаднал уште пред кражбата да стартува. И за вината за овој настан не ни треба белким вар-соба!

 


ЦИВИЛ МЕДИА


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ