• Latest
Љубомир Костовски

Расправата за медиумите кај нас се води во редуциран простор

May 3, 2022

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Расправата за медиумите кај нас се води во редуциран простор

Имаме многу медиуми, секако и многу адреси каде се води образовен процес за новинарите или каде се здружени „пролетерите на јавниот збор“. Никогаш не ги ни споменуваме сопствениците на тие гласила, можеби само помислуваме на нив, ама како да постои стигма да се изговорат нивните имиња.

May 3, 2022 10:24
in МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски

Љубомир Костовски

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Иако по дефиниција Денот на слободата на медиумте претпоставува анализа на односот меѓу државата и средствата на јавна комуникација, постојано може да се забележи дека обично е тоа прилично редуциран простор за анализа. Имено, кога за последен пат сте виделе на некоја дебата да се соберат главните уредници на медиумите кај нас? Уште помалку кога сте ги виделе сопствениците на медиумите во некаков јавен дискурс?

Овие прашање се битни  – постојат многу форми преку кои новинарите, пролетерите во сферата на јавните комуникации, расправаат за разни димензии на темата која произлегува од постоењето на овој ден – 3 Мај, воведен од страна на ОН во 1994 година.

Но, би сакале секако да ги видиме најнапред газдите, единствените значајните фактори во кампусот на медиумите, кои се речиси анонимни, и кога некој листа весници или го вклучува радиото и телевизијата, најнапред се подготвени да критикуваат или поздравуваат одредени новинарски имиња и не се гледа ниту тоа кој е уредник, а камоли да се мисли на тоа од каде се финансира медиумот и од каде се води издавачката политика (не издавачка во буквален смисла, кој важи за весниците) и од каде се менуваат главните уредници, на пример.

Оттаму, произлегува дека ние не ги имаме вистинските адреси кога разговараме за  било која димензија за 3 Мај и неговото значење. На пример, што да помислиме за тоа ако некој газда гради по втор пат бесправно некој голем објект, на тоа очајно ја потсетува државата Антикорупциската комисија а тој поседува значаен медиум? Дали тој смета на можниот притисок што може да го прави преку „брифирање“ на јавното мислење против државата или некои нејзини органи?!

Или кога еден наш исклучително богат човек, во меѓувреме и суден, јавно поседува некои новинарски имиња кои слободно добиваат простор да го бранат неговиот интерес, простор каде тој ќе посака и во обем што во тој момент му е нужен?  Се додека не говориме за тие генератори на невољите во медиумскиот простор, ние всушност разговараме во празно или воопштено пред, за време или посла 3 Мај.

 


Текстот е напишан по покана од ЦИВИЛ, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ