• Latest

Распределени се 20 милиони денари во девет општини каде што има Роми

June 18, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Распределени се 20 милиони денари во девет општини каде што има Роми

June 18, 2018 16:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020,  откако не одговори на поканата на ЦИВИЛ за панел дискусија „Кој ги тркала Ромите“ која се оддржа на 13 јуни, денеска оствари средба со претставници на ромскиот граѓански сектор.

Како што соопшти Кабинетот на министерот, тој на средбата информирал дека се собрани околу 20 проекти кои се однесуваат на подобрување на условите во комуналната и патната инфраструктура во населбите каде е застапено ромското население. Распределени се 20 милиони денари во девет општини со кои значително ќе се подобри комуналната инфраструктура, како и безбедноста на живеалиштата на ромското население во овие општини.

Ахмедовски 2

– Исто така потенцираше дека е започнат процесот на ревидирање на националните акциски планови, кој произлезе како заклучок од првата средба со граѓанскиот сектор одржана во февруари годинава. Ахмедовски информираше дека во претстојниот период еден од главните фокуси ќе биде обезбедување трајно сместување на лицата кои се привремено згрижени во јавни објекти во општините Кочани и Штип. Во оваа насока Кабинетот ќе учествува во подготовка на проекти во кои ќе бидат предвидени елементи за целосна интеграција на овие лица и како и интеграција на локалното население, соопшти Кабинетот на Ахмедовски.

Министерот ги повикал граѓанските организации активно да учествуваат во подготовката и спроведувањето на политиките чија цел е да ја подобрат состојбата на оваа маргинализирана заедница и да бидат отворени за меѓусебна координација со цел да се максимизира ефектот од нивните проекти и активности и да се зголеми бенефитот за крајните корисници – самата ромска заедница.

Д.М.

Tags: Аксел Ахмедовскипроектиромски невладини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ