• Latest

Расте говорот на омраза во светот

February 22, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Расте говорот на омраза во светот

February 22, 2017 10:34
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Човековите прва во светот се под закана поради политичари кои користат ‘отровна и нехумана’ реторика против етнички или религиозни малцинства, со цел да ја засилат нивната политичка моќ“, се вели во извештајот на Амнести Интернешенел.

Во најновиот извештај на глобалната организација „Амнести Интернешнл“ за состојбите со човековите права во светот, во делот посветен на Македонија, се вели дека откритијата за висока корупција од 2015 година се попречуваат со заткулисни политички пресметки кои ја опструираат работата на СЈО, дека е ограничена заштитата на сведоци, и дека Ромите се соочуват со дискриминација во пристапот до основните права и услуги. Извештајот е критичен и за начинот на кој Македонија се однесува кон бегалците и мигрантите.

Во извештајот на „Амнести Интернешнл“ американскиот претседател Доналд Трамп, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, унгарскиот премиер Виктор Орбан и филипинскиот претседател Родриго Дуерте се посочени како политичари кои се нарекле себеси „анти-естаблишмент“ и кои користат „отровна агенда која гони, обвинува и дехуманизира цели групи на луѓе“.

Според извештајот на АИ, 2016 е година на „цинично користење на реториката ние против нив“, со што заканите, омразата и стравот добиле глобални размери до ниво кое „не е забележано од 30-те години на минатиот век, кога нацистичкиот лидер Адолф Хитлер дојде на власт во Германија“.

Директорот на АИ за Европа, Џон Далхаузен, вели дека политичарите со својата реторика на исклучивост сурово омаловажуваат цели општествени групи и ја шират идејата дека некои луѓе се помалку вредни од другите, а први на удар се мигрантите. Како примери се посочени уредбата на Трамп за забрана за влез во САД на државјани од седум претежно муслимански земји, како и договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на мигрантите кои одат кон Европа, односно враќање на илегалните мигранти во Турција.

Презентирајќи го извештајот, Далхаузен истакна дека странците и муслиманите станале главна цел на „европската демагогија, која овие луѓе ги претставува како закана за безбедноста и за националниот идентитет, како крадци на работни места и како злоупотребувачи на социјалните системи“.

 

Tags: „Амнести Интернешнел„ДалхаузенДуертеЕрдоганМакедонијаОрбанТрампХитлер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ