• Latest

Расветлување на случајот „Рекет“ и подеднакво важење на законот за сите

July 17, 2019

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Расветлување на случајот „Рекет“ и подеднакво важење на законот за сите

July 17, 2019 09:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Зачувување на интегритетот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е примарниот интерес на обвинителите и истражителите во СЈО“, изјави вчера обвинителката Ленче Ристовска во име на тимот на СЈО. Дејствијата на поединци, според неа, не ги отсликуваат сите во обвинителството и не смее да ги доведат во прашање постапките што се водени досега.

Апел за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на пресумцијата на невиност побара обвинителката од СЈО Ленче Ристевска на вчерашната прес-конференција, што ја свика СЈО откако Јавното обвинителство го отвори случајот, беше одреден притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец кои се осомничени за изнудување пари од бизнисмен. Истовремено, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесе оставка, а заради исрагата и беше одземен мобилниот телефон.

„Зачувување на интегритетот на СЈО е примарниот интерес на обвинителите и истражителите во СЈО“, изјави Ристевска во име на тимот на СЈО, додавајќи дека стојат зад досега завршената работа и оти сите предмети по кои се постапувало се водени законски.

 

Премиерот Заев  во интервју за МИА  е дециден дека законот мора подеднакво да важи за сите без разлика за кого станува збор.

„Во случајот веќе има двајца осомничени, а како што слушнав од медиумите е конфискуван и телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за да утврдат дали постои конекција меѓу неа и првоосомничениот. Поради тоа што се работи за високо позиционирана личност тоа дава мотив за секаков вид политички шпекулации. Според мене, Јавното обвинителство треба да каже дали таа е злоупотребена во целиот овој процес или инволвирана во овој процес. Тоа е коректно да се каже, бидејќи се злупотребуваат секаков вид на аругменти за да некој прави политички конструкции или слично“, рече Заев.
Тој нагласи дека отворањето на овој случај значи дека земјата има организиран систем којшто си ја врши својата работа.

„Ја почитуваме пресумпцијата на невиност, но истовремено сите индиции и докази мора до крај да се процесуираат за да се докаже невиноста или вината на кој било инволвиран во истрагите“, рече Заев во интервјуто за МИА давајќи коментар на последните случувања во врска со истрагата „Рекет“ во која Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени за изнудување пари од бизнисмен за да влијаат да се олесни постапката против него врз одреден јавен обвинител.

 

Случајот се совпадна со ненадејната оставка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која како што изјави обвинителката Вилма Рускоска не е предмет на истрага, но сепак нејзиниот мобилен телефон бил конфискуван за да се утврди евентуалната комуникација меѓу неа и Бојан Јовановски.

 

Од ДУИ велат дека со разочарување гледаат на последните случувања и оти посочуваат дека како партија секогаш биле против селективна правда.

„ДУИ е најголем непријател на селективната правда, и доколку ги следите обраќањата на лудерот Али Ахмети ќе видите дека во секој говор селективната правда е како канцер на општеството, затоа ДУИ го предложи законот за ветинг и во политиката и во судството, и кај сите носители на јавните функции“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Додаде дека институциите треба да истражат точно што се случило, која било позадината, и кои биле реперкусиите, посочувајќи дека ДУИ останува на ставот дека земјава има потреба од инститиција што ќе биде фокусирана на борбата против корупцијта на високо ниво во политиката.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак побара притвор за Јанева, бидејќи, како што рече, исполнети се сите услови.

„Компромитираното СЈО е завршена работа, а првиот чекор треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови. Можност за повторување на делото, затоа што Јанева и денес е прв човек на корумпирано СЈО, постои можност за бегство и за влијание врз сведоци. Сето останато е само слабо и бледо алиби“, смета Мицкоски.

По повод оставката на Катица Јанева, поранешниот министер за финансии Џевдет Хајреднини смета дека функционерите на ДУИ и ВМРО немаат причина толку многу да се радуваат.

„Европската Комисија во својата изјава, повторно ја истакна потребата да продолжи истрагата за кривичните дела кои произлегуваат од нелегалното прислушување, независно од тоа кој ги снимил или објавил“, пишува тој во своите Поенти на ЦИВИЛ Медиа.

М. И.

Share96Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ