• Latest

Раздели па владеј, издание на 21 век: Стратегијата на клептократите во Западен Балкан и улогата на ЕУ

April 28, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Раздели па владеј, издание на 21 век: Стратегијата на клептократите во Западен Балкан и улогата на ЕУ

Одржлив развој на „Западен Балкан во време на повеќекратни кризи“

April 28, 2025 13:20
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Гудрун Штајнакер

“Krivi smo mi” (Ние сме виновни) е рефренот на една од најпознатите и веројатно најважните песни на „бардот“ Ѓорѓе Балашевиќ (1953 – 2021) од 1993 година, сред босанската војна.

Ние сме виновни, Балашевиќ обвинувачки се обрати кон своите сонародници, им дозволивме да мразат, да пукаат и да извикуваат: Пукај! За жал, неговиот обид да ги разбуди луѓето тогаш не успеа. Не само земјите од Западен Балкан и нивните народи се виновни за жалната состојба во земјите од Западен Балкан денес, туку и таканаречениот Запад, особено ЕУ и нејзините земји членки, од кои Германија е важен играч.

Со оглед на еволуирачката глобална – или, како што сега почесто се нарекува, геополитичка – состојба обликувана од целосната инвазија на Русија на Украина, војната на Блискиот Исток и враќањето на Трамп во Белата куќа, неопходно е да се преиспита состојбата во таканаречениот Западен Балкан – поим што се користи за да се опише групата држави од Југоисточна Европа кои (сé уште) не се членки на ЕУ. Верувам дека брзото проширување на ЕУ е илузија, бидејќи неопходните реформи на ЕУ како институција не се ни на дневен ред. Неодамна се појавија голем број статии и книги во кои се опишува жалната состојба на балканскиот регион. Но, не се извлечени никакви конкретни заклучоци, а камоли да е преземена акција. Без разлика на тоа дали некој го користи поимот хибриден режим или заробена држава, исходот е подеднакво лош. Им се додворува на корумпирани, клептократски елити, дури и во земји на ЕУ кои граничат со Западен Балкан, бидејќи сé се работи за (псевдо) стабилност по речиси секоја цена. Се евоцира, или поточно се фантазира за „напредок“ на патот кон членство во ЕУ. (видете исто така Флоријан Бибер: Pulverfass Balkan; објавено: Ch. Links Verlag, 2023)

Клептократите во сите овие држави немилосрдно ги следат своите сопствени интереси и го користат потенцијалот на националистичките, етничките и културните наративи за да го поделат населението на нивните земји: раздели па владеј!!!

ЕУ игра безнадежна улога. Различните економски програми, како што е таканаречената Зелена агенда за Западен Балкан, често се неефикасни. Во исто време, западните актери, влади, партии и компании сé уште се соучесници во следењето на краткорочните интереси со помош на клептократите. Ова придонесува значително за нестабилната ситуација.

Писателот и новинар Пол Лендваи, гостин-говорник на Годишниот општ состанок на СОГ 2019, ја карактеризира „западната“ политика како големо лицемерие во неговата неодамнешна книга. Тоа навистина е комбинација од лицемерие, рамнодушност и економски интереси во повторно откриените природни ресурси на регионот, без разлика дали се работи за минерали или метали, хидроенергија, шуми за сеча, туризам. „Ниршоринг“ е мотото, особено во Брисел, а тие се обидуваат да им го продадат ова на луѓето во земјите од Западен Балкан како напредок.

Одржливиот развој е во застој. Милијарди исчезнуваат во бескорисни и штетни обемни проекти, како што се големите градежни проекти како Скопје 2014, Белград на вода, големите транспортни проекти, често со кинески партнери и сомнителните енергетски проекти со опционални руски, арапски и други партнери од авторитарни режими.

Бидејќи многу актери на граѓанското општество зависат од поддршката на „западот“, тие се осмелуваат само на немо спротивставување.

Руската пропаганда го подбуцнува словенското православно население со антизападни наративи, исто така во соработка со православните цркви во регионот. Поранешниот долгогодишен шеф на ДПА во Белград го покажа ова во неодамнешна студија за ФНС, особено за Србија.

Иако многу програми и проекти финансирани билатерално или од ЕУ фондови за поттикнување на владеењето на правото и инфраструктурата се добронамерни, средствата премногу често завршуваат во погрешни проекти и во погрешни раце. Bankwatch штотуку истакна дека ЕУ има одобрено неколку проекти кои штетат на животната средина во програмите на ЗБ6 за енергетска транзиција во рамките на Зелената агенда.

Има уште многу примери…

Најважниот ресурс на Западен Балкан сé уште е недопрената природа, било планини, долини, шуми, реки или планински пасишта. Бреговите во Црна Гора и Албанија веќе се во голема мера уништени. Природата е под голем притисок поради корумпираните и криминални активности. Од друга страна, важни инфраструктурни проблеми остануваат нерешени и покрај бројните проекти со западна поддршка. Еве само неколку примери:

Снабдувањето со енергија од фосилни горива, електрани на јаглен на лигнит водат кон огромно загадување на воздухот. Проектите за обновлива енергија често се штетни, како што е Горниот хоризонт на Неретва, или се каректеризираат со огромна корупција и криминал (пр. ветерната електрана Можура во Црна Гора).

Рударството и другите форми на екстрактивизам генерираат профит за корпорациите и кормупираните политичари, истовремено оставајќи го населението да ги сноси трошоците – уништување на животната средина, загадување и губење на природните ресурси.

Несоодветно отстранување на отпад и отпадни води, загадување на реките, (незаконско) уништување на шумите, исто така поттикнато од брзорастечката побарувачка на пелети, незаконско ископување на речните текови, изградба на – главно мали – хидроцентрали со голема штета на биодиверзитетот.

Еколошкиот криминал претставува брзорастечки и многу опасен глобален феномен, како што истакнуваат GI-TOC, Transparency International, OCCRP и разни регионални невладини организации за борба против корупцијата. Ова, исто така, се однесува и на земјите во ЕУ. За разлика од Западен Балкан, тука може да се надеваме на финкционално судство. На Западен Балкан, сé уште големите области на недопрена животна средина и природа се во опасност да бидат трајно оштетени во наредните години. Уништувањето на животната средина и природата е уништување на основата на животот за идните генерации. Сепак, ова едвај е прашање на билатералните и меѓународните конференции; наместо тоа, се зборува за „раст“ по речиси секоја цена. Итно е потребен пресврт. Заштитата и унапредувањето на животната средина и природата во Западен Балкан треба да имаат приоритет пред сите други проекти, а секој развоен проект во секој сектор треба да биде предмет на строга контрола и проценка на неговото влијание врз животната средина и природата.

 

Превод: Н. Цветковска


Гудрун Штајнакер е потпретседателка на Здружението на Југоисточна Европа, член на одборот на Фондацијата Еуронатур, поранешна амбасадорка, Германија


Повеќе:

Штајнакер: Постои јаз помеѓу убавите разговори, одржливоста, Зелениот договор и реалноста на теренот

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Гудрун ШтајнакерЕУЗападен Балканодржлив развој
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ