• Latest

Различни, но сепак, исти…

January 3, 2017

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Различни, но сепак, исти…

January 3, 2017 16:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Насмеани деца со невини лица и души. Очи полни со надеж, некои со играчки во рака, други со шишиња, до половина полни. Имаше моменти на тага, солзи, вознемиреност… Но, секогаш, во нивните очи се гледаше надеж. Радоста е најскапоценото нешто за секое дете. Вака ќе ја паметам 2016 година.

Arbana Qerimi
Пишува: Арбана Ќерими

Речиси секој ден соочување со загрозени социјални семејства. Ликови на деца. Зарем многу бараат? Топол дом, леб и спокој! Некогаш посакувам да излезам од кожата на новинарството. Но, во неа сум сé уште, затоа што сметам дека има надеж за човештвото. Можам уште многу да направам за луѓето да бидат луѓе а најмалку, барем да се чуствуваат како луѓе.

Ќе споделам неколку човечки судбини кои ми ја одбележаа годината. Кои ме научија да бидам силна. Ајтен. Единаесет години. Со извондредна насмевка. Решив да поминам еден ден со неа и успеаа да ми го смени животот. Ајтен е родена со еден хромозом повеќе во телото. Тоа прави да се соочува со секојдевни предизвици, со суровиот свет, во бедна држава како Македонија. Станав рано, за да одиме заедно на училиште. Беше среќна, насмеана како и секогаш. Чекавме 15 минути автобус, и се сцрвија обравчињата и носето. Нé дружеше и нејзината сестра Имрије. Таа секој ден оди со неа, никогаш не ја остава сама. Стигна автобусот, се качивме, луѓето со почнаа да зјапаат. Некои ги тргаа своите деца подалеку од Ајтен. Бездушници…. Јавниот превоз е за сите, без разлика на нивната различност, зар не? Посакуваав да им предавам лекции за одесување, но навистина не сакав да го трошам денот со несозреани родители. Бев сконцентрирана на Ајтен, а таа низ смрзнатиот прозорец ја анализираше околината. Енергично стана кога го виде училиштето. Ајтен учи во специјалното училиште „Иднина“. Барака во која од секоја страна дува. Децата немаат основни работи услови за одржување на настава. На албански јазик недостасуваат и логопеди и дефектолози. А нивните родители седат со часови во училиштето, затоа што мораат самите да ги водат децата на часовите. Срамота… Во Агенцијата за вработување бараат работа токму луѓе со оваа струка. Нека престанат да лажат надлежните дека нема кадар во оваа струка. На овие деца им е потребна помош! Тие веднаш мора да ги добијат соодветните услови. Тоа го заслужуваат. Се градеа, нели, нови стотина училишта, а овие деца сé учат уште во бедни услови среде Скопје. Од Ајтен се разделив со насмевка, најзиното лице ми „пееше“ песна, чии звуци не ми излегуваат од глава…

МАЈКА И ДЕТЕ ПИТАЧАТ

Без молив, тетратка и чанта го затекнав 12-годишниот Ружди. Тој не одеше на училиште, бидејќи неговите родители немаа можност да му ги купат основните работи за школување. За состојбата да биде уште полоша, момчето ноќите ги поминуваше без сон, затоа што стравуваше дека во текот на ноќта испуканиот таван може да му се урне врз глава. Добри луѓе, дознаа за тешката состојба и им понудија помош. Изградбата на новата куќа на ова семејството се привршува. Ружди го продолжи своето образование… Секој има право да живее! Секое дете мора да има безгрижно детство. Ова е само едно од илјадниците деца низ Македонија на кои му беше скратено правото на училиште. Каде се институциите да им помогнат на овие луѓе? Оставени се на милост и немилост на оние кои секојдевно садат спомениици низ градов. Бесрамници…

Во Свети Николе го запознав малиот Лука. Без вода и храна, без електрична енергија и во студ… Само што почнал да дише, а вдишуваше студен воздух, а неговите родители, лица со попреченост, и не сакајќи, ја влошуваа состојбата. За среќа, оваа состојба не траеше долго затоа што Бојан Јовановски реагираше веднаш. По 24 часа, семејството го реши проблемот за најмалку една година. Сега, се сместени во топол стан. Социјална помош веќе не земаат, затоа што на нивната сметка стигнала парична помош. Ги загубија и тие 2.000 еб… денари од социјално, со коишто не можат ни струјата да ја платат. Помош? Кој ја определи сумава? Малион фраер со „туарегот“? Или, неговиот кум? Ова веднаш мора да се смени. Направил ли некој споредба на социјалната и платите на платите на министрите?

dsc0182

Со мила насмевка ме пречека малечката Ханета. Нејзината единствена желба беше да игра со нејзините другарки. За да успее во тоа, заедно со нејзиниот татко, поминавме низ лавиринтите на здравствените институции. Таму каде што ако човек влезе, не знае дали ќе излезе жив. Судбината на Ханета беше поинаква, за среќа. Детската невиност влијаеше врз граѓанските активисти кои излегоа на протести за да го кренат гласот против институциите и да ги средат потребните документи за операцијата во странство. Ханета замина во Турција и ѝ беше направена операција на`рбетот. На Ханета и е потребна уште една операција, за која е потребна нова согласност на лекарскиот конзилиум. А, многу деца чекаат на ред. Многу деца беа и жртви како малата Тамара, која не доби одобрување за операција вон Македонија. Институциите си играат со судбините на децата, а родителите беспомошни, талкаат и бараат „врски“ да можат да ги лекуваат своите чеда… Всушност, „врските“ и „бакшишот“ за лекарите, делумно и направија од здравството – пекол. Оваа година, Тодор-оff! Дотогаш, молете се да не ви затреба лекар. Пу, пу, скраја да е, операција…

Во 2016 ја запознав и Назмие од Поградец, Албанија. Таа се омажи во Кавадарци, за Марјан, еден од кавадарчаните кои решиле да земат невеста од Албанија. Но, две години по свадбата, нејзиниот сопруг ја брка од куќата и ја остава на улица. Сопругот не ѝ дозволи ниту да го гледа тригодишниот син Илија. Назмие сама, со месеци шеташе по судските ходници. И ништо не доби. Нејзиното семејството дојде од Поградец во Кавадарци, но не успеаја да го спасат бракот на Назмие. Посредникот на бракот меѓу Марјан и Назмие ги отфрли обвинувањата дека земал пари за да ја доведе во Кавадарци. Но, документите потпишани од Марјан, покажуваат дека за Назмие се дадени 52 илјади денари. Нејзиното семејство ги негираше гласиштата дека ја продале нивната ќерка. Назмие остана во Скопје и не беше депортирана во Албанија, но сé уште не може да го види нејзиниот син. Судовите се лавиринти, а за правна држава, судството мора да се ослободи од корупцијата. Дотогаш, нема правда – нема мир!

Ова се примери од реалноста на Македонија, 2016. Животни приказни кои и и јас ги преживував. Талкање со денови, ноќи непроспиени. Многу е тешко да се дојде до одговор. Но, упорноста секогаш вреди. И инаетот.Иако само малкумина сакаат да зборуваат во јавноста, да го отворат срцето. Малкумина им веруваат на медиумите. И тоа ме боли. Но, ги разбирам луѓето. Медиумите станаа слуги на власта. Малкумина новинари се глас на народот. Кога институциите молчат и не се тука за граѓаните, новинарите со помош на медиумите и хуманите граѓани, ја пружаат раката на надежта. Така треба… Секогаш.

Посакувам во 2017-тата да бидеме слободни граѓани. Да имаме слободни институции. И слободни медиуми. Нескромно? Упорноста секогаш вреди….

(Авторката е новинарка)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АјтенДецаздравствоКавадарциЛукаНазмиеРуждиСвети НиколесиромаштијаСКОПЈЕсоцијалаХанета
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ