Со потпишување на Стратешкиот договор за соработка на земјава со Велика Британија, за кој допрва ќе се дознава што сè содржи, се реактуелизираше и темата за фамозните Коридори 8 и 10.
Со договорот се опфатени железничките линии на Коридори 10, а за Коридор 8, кој е во застој, се вложени еврпоски пари.
Нашите читатели ги прашавме што мислат за проектите 8 и 10. Нивните одговори посочуваат дека на крајот ќе се мери кој колку украл. Некои не го гледаат крајот на проектите сè додека не влеземе во ЕУ.
Се мислиме кој колку не украде.
Додека не влеземе во ЕУ, нема да ги завршат овие два каридора, није сме аматери за да изградиме нешто вредно и капитално.
Некои, пак, сметаат дека со британскиот договор постојат шанси во контекст на НАТО и улогата што Британија ја има во Алијансата.
Овој пат преку НАТО ќе направат. Британија е водечка сила на европското крило на НАТО на тлото на цела Европа и баш им одговара Македонија.
Еден читател дури и ја објасни важноста на Коридор 8.
Коридорот 8 е најстар европски кридор, Виа Игнатиа. Насилно затворен по Првата светска војна од европските сили. Уште во турско имало проекти за железница за Албанија преку Градско. Ако им треба ќе ја направата преку ноќ, а како што не им треба ќе направат сè да не ја биде.
Б. Ј.