• Latest

РЕАКЦИИ: Брод без кормило – Граѓаните остри за превирањата во СДСМ со барања за реформи, но и за „гаснење на партијата“

March 18, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

РЕАКЦИИ: Брод без кормило – Граѓаните остри за превирањата во СДСМ со барања за реформи, но и за „гаснење на партијата“

March 18, 2026 10:53
in ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Внатрепартиските превирања во СДСМ отворија лавина реакции на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за внатрепартиските превирања во СДСМ?.

Коментарите на граѓаните откриваат длабоко разочарување, недоверба во раководството, но и спротивставени ставови за тоа дали кризата е знак на демократија или на распад.

Реакциите се движат од остри критики до повици за целосна реформа на партијата, при што дел од коментаторите ја опишуваат состојбата во СДСМ како „брод без кормило, со пијана посада, насред разбранувано море“.

Голем број граѓани сметаат дека актуелното раководство ја води партијата во погрешна насока, обвинувајќи го за недемократско делување, лоша кадровска политика и отуѓеност од членството. Дел од нив отидоа чекор понатаму, оценувајќи дека СДСМ „ќе остане со пет души“ и дека „може да се прогласи за политички мртва“.

Други коментари ја доведуваат во прашање автономијата на партиското раководство, алудирајќи на влијанието на поранешни функционери, како и на внатрешни пресметки мотивирани од лични интереси, моќ и финансии.

„Оваа внатрепартиска битка ми асоцира на битка за власт, пари и уште пари“, наведува граѓанин, посочувајќи дека конфликтите се водат од лични, а не од идеолошки причини.

Сепак, не изостануваат ни поумерени ставови. Дел од граѓаните посочуваат дека различните мислења и внатрешните дебати се природен дел од демократскиот процес. Според нив, партиите во кои нема спротивставени идеи ризикуваат да западнат во едноумие и авторитарно однесување.

Во исто време, има и реакции кои предупредуваат дека фокусот врз внатрепартиските конфликти може да служи како дефокус од пошироките политички и општествени проблеми во државата, повикувајќи вниманието да се насочи кон политиките на власта и нивните последици врз граѓаните.

„Секогаш треба да има спротивставени идеи – така се манифестира демократскиот капацитет на партијата“, се вели во една од реакциите.

Друг читател, пак, оценува: „Не се занимавајте со СДСМ за да се прави дефокус од целата политичка ситуација“

Значаен дел од коментарите инсистираат на темелни реформи во СДСМ – со нови кадри, нов пристап и враќање на довербата кај членството. Според нив, партијата мора да се „ресетира“ и да покаже дека работи во интерес на државата, а не на поединечни привилегии.

„Прво да почнат искрено да го почитуваат членството и да го исполнат тоа што го ветуваат“, вели еден граѓанин.

Од друга страна, најрадикалните ставови одат до таму што предлагаат целосно гаснење на СДСМ и создавање нова, модерна политичка структура „без товарот од минатото“.

„Би било добро да се изгасне и да отстапи место на нова модерна партија без товар од минатото“, се наведува во еден од  коментарите, додавајќи дека „во вакво СДСМ никој паметен не сака да членува“.

Овие реакции јасно укажуваат дека кризата во СДСМ не се перципира само како внатрешен партиски проблем, туку како прашање што има пошироки импликации врз политичката сцена и довербата на граѓаните во институциите и демократските процеси.

ЦИВИЛ им благодари на сите што коментираат на редовното прашање на денот, но повикува и на вклучување со предлози за теми, прашања и активности. Организацијата и редакцијата на медиумската платформа, како и секогаш, ќе вложи напори да им излезе во пресрет на сите предлози.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ