• Latest

РЕАКЦИИ: Државата заглави во ,,нашето славно минато”, додека народот е среќен со „Заветна“ не му треба иднина

February 24, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Државата заглави во ,,нашето славно минато”, додека народот е среќен со „Заветна“ не му треба иднина

February 24, 2025 15:27
in ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Каква иднина има нашата земја на меѓународен план?

Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека за многумина развојот на нашата земја на меќународен план не ветува иднина каква што се посакува, туку можно уназадување и изолација. Прашањето предизвика силна диксусија меѓу нашите читатели, па нивните ставови и мислења ги пренесоа во широка преписка за факторите од кои зависи нашата иднина на меѓународен план:

Никаква, овие ќе не доотепаат.

Никаква! Никаква! Ни на домашен ни на меѓународен нема никаква иднина!

На кратко речено иднината ние за жалење.

Иднината на Македонија е тема што зависи од многу фактори – политички, економски, социјални и културни. Како мала земја со богата историја и стратешка позиција на Балканот, Македонија има потенцијал да се развива во позитивна насока, но и предизвици што треба да се надминат. Мислам дека економскиот раст ќе биде клучен. Ако Македонија продолжи да привлекува странски инвестиции, да го развива туризмот (со своите природни убавини и културно наследство) и да вложува во технологија и образование, може да стане поконкурентна во регионот. Интеграцијата во Европската Унија, иако процесот е бавен и комплициран, би можела да донесе стабилност и нови можности за младите.

Од друга страна, политичката поларизација и прашањата поврзани со идентитетот и меѓуетничките односи ќе останат чувствителни точки. За да има напредок, потребно е единство и фокус на заеднички цели, наместо на поделби. Младите се надежен фактор – ако им се даде шанса да останат во земјата и да придонесуваат, тие можат да ја обликуваат иднината на подобро.

Генерално, верувам дека Македонија има светла иднина ако успее да го искористи својот потенцијал и да ги надмине внатрешните и надворешните пречки. Оптимизмот е можен, но ќе треба работа и трпение.

**Ако економскиот раст стагнира**: Без странски инвестиции и развој на клучните сектори како туризам и технологија, Македонија може да остане економски зависна од ограничени ресурси и да се соочи со зголемена невработеност. Ова би го забавило подобрувањето на животниот стандард и би можело да доведе до уште поголем одлив на млади и квалификувани кадри во странство.

**Ако интеграцијата во ЕУ не се случи**: Доколку процесот за влез во Европската Унија пропадне или продолжи да се одолговлекува без резултати, Македонија може да остане изолирана од економските и политичките придобивки што ги носи членството. Тоа би ја направило земјата помалку привлечна за инвеститори и би можело да ја зголеми нестабилноста во регионот, особено ако соседните земји напредуваат побрзо.

**Ако политичката поларизација се продлабочи**: Без единство и фокус на заеднички цели, внатрешните поделби – било меѓуетнички, идеолошки или партиски – можат да ја парализираат државата. Ова би довело до неефикасна власт, корупција и недоверба во институциите, што дополнително би ги демотивирало граѓаните, особено младите, да останат и да се борат за подобра иднина.

**Ако младите продолжат да заминуваат**: Доколку Македонија не успее да создаде услови за задржување на младите – работни места, квалитетно образование, можности за напредок – демографската криза ќе се влоши. Земјата би можела да се соочи со стареење на населението и недостаток на работна сила, што долгорочно би го загрозило нејзиниот развој.

**Ако не се искористи културниот и природниот потенцијал**: Без инвестиции во туризмот и промоција на богатото наследство, Македонија би пропуштила шанса да се позиционира како уникатна дестинација на Балканот. Ова би значело помал економски придонес од еден од нејзините најголеми потенцијали.

Во овој случај, иднината на Македонија би можела да биде обележана со стагнација, зголемена сиромаштија и политичка нестабилност. Оптимизмот би избледел, а земјата би можела да остане заглавена во циклус на нерешени проблеми. Сепак, дури и во такво сценарио, секогаш постои можност за пресврт – но тој би барал радикални промени, силна волја и надворешна поддршка. Клучот останува во способноста да се препознаат ризиците и да се дејствува пред да стане предоцна.

Зарем навистина сте толку оптимист , со оглед на се што ни се случуваше од осамосојувањето и што тој тренд продолжува и понатаму?

„Не би рекол дека сум оптимист без резерва – реалноста во Македонија од осамостојувањето навистина е исполнета со тешки моменти, разочарувања и повторувачки предизвици. Трендот на бавен напредок, корупција и нееднаквост продолжува и сигурно не може да се игнорира. Но, мислам дека дури и во такви околности, важно е да се препознаат и оние мали чекори напред, како и потенцијалот што сè уште го имаме. Не е прашање на слеп оптимизам, туку на обид да се види целата слика – и доброто и лошото – без да се изгуби надежта дека работите можат да се подобрат, ако се смени пристапот.“

Јас не препознавам никаков почеток на подобрување , напротив со секоја промена на власт , се се враќа назад , затоа што секој од нив си мисли дека со нив започнува се. Но секој си има право да ги гледа работите од свој агол.

Никаква, влегуваме во најглупа изолација.

Заглави во ,,нашето славно минато”.

Се додека народот е среќен со,,заветна” не му треба иднина.

Сјајна, затоа што, конечно, ќе исчезне и ќе престане да не заебава, хахаха!

Иднина, малку неизвесна ама ќе тргне, ќе се придвижи кон добра, ќе мора да понесеме одговорност за се што погрешивме, ќе мора многу вредно и чесно да работиме на обнова на доверба во институциите, ќе мора да измениме некои одлуки со сите купени и тргувани судбини и позиции, задолжително да се погрижиме за сопствениот народ вреден и чесен, да ги вратиме вредностите, полека економски да закрепнеме и да се стабилизираме, да почнеме да произведуваме, ќе дојдат инвестиции, доволно е од неразумни трошења и гоштевања од ќесето на граѓаните.

Поминато е времето на чесност и заколнување за чесност. Да се направи закон никој одбран од народот да нема имунитет а да има одговорност како секој граѓанин. Колкаво богатство лежи кај нашите крими политичари да им се одземе оти народот и државата има право на тоа. За интеграција со било кој треба прво да се сториме самоодржливи за да не ценат и примат.

Тоа е прашање на две децении и зависеше од два фактора-надворешен: ЕУ и САД и внатрешен: ДУИ, ВМРО И СДСМ! Денес ги нема и двата фактора! Одговорот на денот по две децении е : да се помолиме за НАТО!

Иднина? Помалку од никаква на било кој план. И не е проблемот до власта. Тоа се истите криминалци кои се менуваат на одреден период благодарение на апсолутно многубројната безмозочната багра која е среќна кога ќе добие приоритет од “своите”, да глода коска..

Нема никаква иднина. Изолирана држава ќе бидеме со внатрешен режим на владеење.

Можен е национален конфликт.

Иднина? Нема пора во нашето општество кај што нема мито и корупција. Додека тоа не се искорени а чисто се сомневам ни европска ни никаква иднина нема за оваа вукојебина.

Б. Ј.

Tags: иднинамеѓународен планПрашање на денотСеверна МакедонијаФејсбук коментари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ