ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку сте задоволни од владината мерка со која беа ограничени цените на основните производи?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека мислењето на мнозинството граѓани е негативно за ефектите на владината мерка да се ограничи маржата на профит на основните прехрамбени производи.
• Задоволни со намалување од денар до два, Мицко мајтап си игра со нас овците ,според него важно сите ќе умреме.
• Не. Фарса, зашто 2 месеци претходно јавно им најавуваа на трговците, кои ги зголемија цените и до 40% . 10 денари се намалиле цените .
• Од 1ви натаму се враќаме на нивното неконтролирано зголемување .
• Прашање, кое можда и не заслужува одговор! Задоволен- 0 (нула)! Дури и помалку!
• Нималку, дозволи прво да гИ дигнат цените па како после ги замрзна покачените цени, игра мајтап со народот кој и му верува на лагите…
• Ама баш ич.
• Задоволни од мерката ???? Имаше мерка?