• Latest

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026 10:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи. Што мислите за капацитетот на владата на Мицкоски за спроведување реформи? што ЦИВИЛ го постави на Фејсбук, отвори лавина реакции од граѓаните, во кои доминираат незадоволство од институциите, недоверба во политичките елити и песимизам за можноста за вистински реформи.

Голем дел од коментарите се фокусираат на состојбата во правосудството и корупцијата.

„Имаме судска мафија што ги штити криминалците“, „35 години прегорен систем“ и „државата е претворена во дива лига“ се дел од пораките во кои граѓаните оценуваат дека без темелни системски промени реформите се невозможни.

Некои граѓани сметаат дека актуелната власт нема политичка волја за европски реформи, туку дека приоритет се „тендерите“, „партизацијата“ и „богатењето на политичките елити“. Дел од реакциите потсетуваат и на зголемувањето на функционерските плати, оценувајќи дека тоа е „најголемата реформа“ што Владата ја спровела досега.

Во дискусијата има и ставови дека проблемот е поширок од една влада или една партија.

„Не се работи за тоа кој е на власт, туку менталниот склоп на народот треба да се промени“, пишува еден граѓанин, додека друг оценува дека „во овие 35 години ниту една година не била подобра од претходната“.

Се појавија и мислења дека Европската Унија бара реформи, но дека домашните политички структури немаат капацитет или интерес да ги спроведат. „Во држава со ЕУ стандарди тие ќе бидат вишок“, наведува еден од коментаторите.

Сепак, меѓу бројните критики имаше и поддршка за Владата. Дел од граѓаните сметаат дека „Владата си работи супер“ и дека не покажува „предавничка намера или свиткана кичма“, оценувајќи дека е потребна поголема трпеливост и стабилност.

Реакциите покажуваат длабока поларизација во јавноста околу реформскиот процес, евроинтеграциите и довербата во институциите, но и широко распространето чувство дека државата се соочува со сериозни системски проблеми кои траат со децении.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ