Војната меѓу Иран и Израел и отворање на ново воено жариште на Блискиот Исток, улогата на САД или поточно претседателот Доналд Трамп и како тоа ќе влијае на светот беше повод да ги прашаме граѓаните: Што мислите за операцијата на САД во Иран?
Според одговорите на читателите на ЦИВИЛ може да се заклучи дека на кофликтот гледаат како брутална агресија, дека САД, како подржувач, сака да го уништи Израел преку Иран.
Крај за МАГА. Трамп ги прекрши изборните ветувања, половина гласачко тело е разочарано од него и излегува на протесто против војната, која нели Трамп вети дека нема да ја покренува. Толку од мирновременскиот претседател. Се проценува дека САД немаат поим во што влегле и дека после ова си одат посрамени од Блискиот Исток.
Почеток на крајот за Израел.
Америка сака да го уништи Израел преку Иран.
Игра меѓу богати и егоисти.
Не е “операција” туку брутална агресија.
Светот е пред катаклизма.
Ако во Иран навистина е толку зол режимот кој едвај чека да го уништи светот, тогаш оправдано е. Но, некако не сум убеден во тоа.
Трамп – и се е можно неговите ГАФОВИ немаат крај
Б. Ј.